Земјотрес со јачина од 7,1 степен во Индонезија
Епицентарот на земјотресот се наоѓал во океанот на 89 километри северозападно од областа Даруба во провинцијата Северно Малуку и се случил на длабочина од 112 километри

Во близина на провинцијата Северно Малуку во Индонезија се случи земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтер.
Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија (БМКГ) соопшти дека епицентарот на земјотресот се наоѓал во океанот на 89 километри северозападно од областа Даруба во провинцијата Северно Малуку и се случил на длабочина од 112 километри.
По потресот, Агенцијата не издаде предупредување за цунами од страна, додека го предупреди народот против последователните потреси.
Засега не е објавено соопштение во врска со тоа дали има човечки загуби или дали е причинета материјална штета.
Земјотресот со јачина од 7,5 степени којшто на 28 септември 2018 година се случи во заливот Палу на островот Сулавеси во Индонезија и потоа дојде до џиновски бранови цунами, ги погоди областите Донгала, Палу и Сиги. Притоа во земјотресот и цунамито животот го загубија 4.340 лица.
Слични вести
