Продолжуваат протестите во САД поради убиството на Џорџ Флојд

Според 1-от дополнителен член на Уставот, никому не му зе дозволува да врши грабежи, бунтови, да ги опожарува зградите, да ги изобличува стоките, да гипровоцира граѓаните и полицијата, овој член на граѓаните им дозволува да одржуваат мировни собири и прот

1429373
Продолжуваат протестите во САД поради убиството на Џорџ Флојд

10-от ден од реакциите на американските граѓани кои започнаа против убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд кој за време на приведувањето, беше убиен од страна на полицијата, продолжуваат со засилен интензитет. Американската администрација најави поригоризни мерки против демонстрантите.

Министерот за одбрана Марк Еспер рече дека ја повлече одлуката за повлекувањето на војниците кои беа стационирани во базите во близината на Вашингтон ДС.

Вчера, претставниците на Министерството за одбрана во изјавата за новинската агенција АП истакнаа дека 1 600 војници кои беа стацонирани во базите во близината на вашингтон, почнувајќи од синоќа почнаа да се враќаат во своите матични бази.

Но само кус период по оваа изјава, генералниот секретар на Копнените сили Рајан МекКарти во изјавата за истата агенција рече дека министерот Еспер ја повлекол за повлекувањето на војниците од базите во близината на Вашингтон ДС.

Портпаролката на Белата куќа Кајли Мек Ени рече дека доколку претседателот Доналд Трамп увиди потреба за примена на воена сила врз демонстрантите, тогаш може да го спроведе Законот за задушување на  бунтовите.

Мек Ени на прес конференцијата што ја одржа, повикувајќи се на 1-от дополнителен член на Уставот кој се однесува на слободата на изразување рече:

„Според 1-от дополнителен член на Уставот, никому не му зе дозволува да врши грабежи, бунтови, да ги опожарува зградите, да ги изобличува стоките, да гипровоцира граѓаните и полицијата, овој член на граѓаните им дозволува да одржуваат мировни собири и протести.“

Бројот на уапсените Американци кои беа приведени на демонстрациите по повод смртта на Џорџ Флојд кој загина како последица на насилството на полицијата, изнесува над 10 илјади.

Во синоќешните масовни протести и демоснтрации во Њујоршката населба Бруклин, беа повредени 3 полицајци.

Заврши полицискиот час во градот Сиетл во северозападната американска сојузна држава Вашингтон кој беше прогласен поради протестите.

Од друга страна пак, расте стапката на обвинување против полицаецот Дерек Шаувин кој беше причина за убиството на Флојд кој умре поради задушување додека беше приведуван. На Шаувин ќе му се суди за вторстепено убиство.

Главниот обвинител на американската сојузна држава Минесота Кејт Елисон донесе одлука на Шаувин на место третостепено убиство да му се суди за второстепено убиство. Шаувин пред суд ќе излезе на 8 јуни. Исто така и на останатите тројца полицајци ќе им се суди за помош и јатакување во убиството.

во настанот што се случи на 25 мај во американската сојузна држава Минесота, црномурестиот Џорџ Флојд додека беше приведуван од страна на полицијата и покрај тоа што извикуваше дека „не можам да дишам“, за жал животот го загуби под притисокот на коленото на полицаецот врз вратот, којшто го приведуваше.

Овој настан од тој ден наваму во сите градови на САД предизвика протести, демонсрации и насилства.

Тестот на заразеност од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) којшто Џорџ Флојд го направи во април беше позитивен, но и покрај тоа што беше преносител на вирусот, тој немал никакви симптоми на болеста.



Слични вести