Билансот на Ковид-19 во светот: Над 388 илјади смртни случаи

Бројот на заразените во светот изнесува над 6 милиони 524  илјади, а на оздравените над 3 милиони 104 илјади лица

1429125
Билансот на Ковид-19 во светот: Над 388 илјади смртни случаи

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот изнесува над 388 илјади 600, на заразените над 6 милиони 609  илјади, а на оздравените над 3 милиони 193 илјади 870 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во САД изнесува над 109 204, додека на заразените над 1 милион 904 894 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Велика Британија која важи за седиште на епидемијата во Европа, во последните 24 часа се зголеми за 359 лица и изнесува над 39 728, додека бројот на заразените се зголеми за 871 и изнесува 279 856 пациенти.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Франција во последните 24 часа се зголеми за 81 и изнесува 29 021. Бројот на заразените се зголеми за 253 и изнесува 189 082 пациенти.

Министерството за здравство на Шпанија соопшти дека бројот на смртните случаи во земјата изнесува 27 128, додека на инфектираните 240 326. Собранието на Шпанија ја одобри одлуката за продолжување на вонредната состојба до 21 јуни. Шпанија на 1 јули ќе почне да прифаќа ограничен број на странски туристи.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Белгија во последните 24 часа изнесува 9 548, додека бројот на новодијагностицираните изнесува 58 767.

Германија соопшти дека го укина предупредувањето за патување во 31 европска земја и дека планира истото да го направи и за останатите земји во светот.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Канада во последните 48 часа се зголеми за 178 и изнесува 7 558.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Бразил изнесува 32 568. Околу две илјади бразилски доброволци ќе учествуваат на тесторањето на вакцината која беше усовршена од страна на Универзитетот Оксфорд. На тој начин Бразил ќе биде првата земја вон Велика Британија во која ќе се тестира вакцината.

Во Еквадор се отвораат аеродромите за внатрешни и надворешни летови. Во Мексико каде што умреа 11 729 лица од Ковид-19, повторно почнаа да функционираат градежниот, рударскиот сектор, производството на автомобилски делови, рециклирањето на отпадот и продажбата на велосипеди.

Панамериканската здравствена организација (ОПС) која претставува Канцеларија на Светската здравствена организација на тлото на континентот Америка соопшти дека чувствуваат загриженост од олабавувањето на мерките во борбата против епидемијата за оживување на економијата во латинамериканските држави и покрај тоа што нема намалување на бројот на смртните случаи и заразените. Во соопштението кое беше објавено од страна на Канцеларијата беше истакнато дека треба многу да се внимава при олабавувањето на мерките во земјите во регионот, бидејќи во спротивно може да дојде до повторно зголемување на бројот на заразените.



Слични вести