Состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји и Азија и Африка

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка

1428384
Состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји и Азија и Африка

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 383 илјади 109 лица, на случаите на зараза достигна до 6 милиони 484 илјади, а досега оздравеа над 3 милиони 89 заболени од вирусот.

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Иран, бројот на смртните случаи со раст за уште 70 лица во изминатите 24 часа, се зголеми на вкупно 8.012, а на случаите на зараза се искачи на 160.696 лица. Иранскиот министер за здравство Саид Немеки во врска со епидемијата на Ковид-19 го рече следното: „Народот не треба да мисли дека моменталните услови се нормални. Ова прашање го изнесовме низа пати досега. Коронавирусот, со доаѓањето на жешкото време не е ставен под контрола. Епидемијата не е стишана.“ Воедно и портпаролот на министерството за здравство Кијануш Џиханпур истакна дека провинцијата Хозистан на југот на земјата е означена како „црвена област“ и дека провинциите Источен и Западен Азербејџан, Курдистан, Кирманшах, Бушехр, Хурмузѓан, Систан-Белиџистан, Кавзин и Резеви Хорасан се наоѓаат меѓу области со висок ризик.

Во Русија, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 5.215 лица, на случаите на зараза на 432.277, додека досега оздравеа вкупно 195.957 заболени од вирусот. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу истакна дека од почетокот на март досега во армијата од Ковид-19 се инфектирани приближно 6.500 лица од кои повеќе од 4.300 оздравеа. Руската патријархија пак, донесе одлука од 6 јуни да бидат отворени црквите и верските објекти. Рускиот вицепремиер Дмитриј Чернишенко соопшти дека од 19 јуни ќе започнат фудбалските натпреварите во Премиер лигата кои поради Ковид-19 беа откажани на 17 март.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за здравство на Израел се истакнува дека во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа уште 5 лица, а се регистрирани и 5 новозаразени, со што бројот на смртните случаи се зголеми на 290, а на случаите на зараза на 17.285 лица.

На континентот Африка, кадешто досега од глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19) животот го загубија вкупно 4.522 лица, бројот на случаите на зараза надмина 160 илјади, а досега оздравеа 69.327 заболени од вирусот. 

Меѓу земјите во кои се регистрирани најголем број случаи на зараза се наоѓаат Јужноафриканската Република, Египет, Нигерија, Алжир, Гана, Мароко, Камерун и Судан.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Египет се зголеми на 1.052, во Јужноафриканската Република на 755, Алжир 667, Нигерија 314, Судан 307, Мароко 206, Камерун 200 лица.

Во Малезија во југоисточна Азија, во последните 12 дена не е регистриран ниту еден ссмртен случај и досега животот го загубија вкупно 115 лица, додека бројот на случаите на зараза со раст за уште 93 лица во изминатите 24 часа, се зголеми на вкупно 7.970.

Во Сингапур, исто така во југоисточна Азија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 изнесува 24 лица, а се регистрирани 36.405 случаи на зараза.

Бројот на смртните случаи од коронавирусот во некои источни земји и арапски земји пак, е вака: Индија 5.829, Кина 4.634, Пакистан 1.688, Украина 735, Бангладеш 709, Саудиска Арабија 549, Катар 43, Киргистан 20, Грузија 13.

  

 



Слични вести