Состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот во изминатите 24 часа

Бројот на починатите од Ковид-19 во САД, епицентарот на глобалната епидемија, надмина 108 илјади, на случаите на зараза се зголеми на над 1 милион 881 илјада 250, а досега оздравеа над 618 илјади заболени од вирусот

1428303
Состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот во изминатите 24 часа
abd koronavirus kovid.jpg
abd koronavirus.jpg
SÜPER abd koronavirüs.jpg
abd korona.jpg
abd korona.jpg
abd kovid.JPG
abd kovid.jpg
SÜPER FOTO KORONA İNGİLTERE.1.jpg
ingiltere yasaklar gevşeme.jpg
italya koronavirus.jpg
süPER FOTO KORONA İTALYA 2.jpg
koronavirüs İtalya.jpg
italya sosyal mesafe.jpg
koronavirüs italya.jpg
ispanya koronavirus
super ispanya covid-19
ispanya koronavirüs.jpg
ispanya karantina sonrası (8).jpg
süPER FOTO KORONA FRANSA.2.jpg
fransa koronavirüs paris.jpg
koronavirüs Brezilya.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 383 илјади 109 лица, на случаите на зараза достигна до 6 милиони 484 илјади, а досега оздравеа над 3 милиони 89 заболени од вирусот.

На прво место според човечките загуби и регистрираните случаи на зараза понатаму се наоѓаат Соединетите Американски Држави (САД) кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот. Бројот на починатите од Ковид-19 во САД со смртта на уште 324 лица во изминатите 24 часа надмина 108 илјади, а на случаите на зараза се зголеми на над 1 милион 882 илјади 148. Амбасадата на САД во Абу Даби со образложение дека постои ризик од „доставување на податоците на пациентите на Пекинг“ го одби предлогот за „тестирање на вработените во амсбадата“ којшто беше доставен од страна на еден центар за Ковид-19 во Обединетите Арапски Емирати )ОАЕ), а меѓу чии партнери се наоѓала и една кинеска фирма.

Во Велика Британија, која е епицентар на глобалната епидемија во Европа, со раст за уште 324 лица во изминатите 24 часа, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 39.369, а на случаите на зараза со регистрирани 1.613 новозаразени се искачи на 277.985 лица.

Во Италија, бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со раст за уште 55 лица во изминатите 24 часа, се зголеми на вкупно 33.530 лица, додека бројот активните случаи на зараза се намали за 1.474 лица и опадна на вкупно 39.893. Вкупниот број на инфектираните од Ковид-19 во земјата изнесува 233.515 лицa, а досега оздравеа 160.092. Вчера по повод Празникот на Републиката италијанскиот претседател Серџио Матарела ја посети областа Кодогно во северниот дел на земјата кадешто на 12 февруари беше регистриран првиот случај на зараза.Матарела во говорот што го одржа овде истакна дека се сеќаваат на починатите од Ковид-19 и го изрази своето сочувство до нивните блиски. Од друга страна, во рамките на враќање на животот во нормала Италија ја укина забраната за слободно движење во земјата којашто беше воведена на 10 март и ги отвора своите граници за граѓаните на Европската унија (ЕУ).

Во Франција, бројот на починатите од епидемијата со раст за уште 107 лица во изминатите 24 часа се зголеми на вкупно 28.940 лица. Бројот на случаите на зараза во земјата пак, е ревидиран на 188.829 лица.

Во Шпанија кадешто како последно беше соопштено дека бројот на смртните случаи изнесува вкупно 27.127 лица, Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа не е регистриран смртен случај од новиот тип коронавирус (Ковид-19). Освен тоа, во соопштението се информира дека бројот на новите случаи на заболени од вирусот во изминатите 24 часа со раст за уште 137 лица се зголеми на вкупно 239.932. Во меѓувреме, на вчерашниот состанок на министерскиот совет на левичарската коалициона Влада  е донесена одлука за доставување на нов предлог до Парламентот за продолжување за последен пат на вонредната состојба во земјата до 21 јуни, а чиј рок истекува на 7 јуни.

Владата на Португалија, соопшти дека во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 12 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 1.432. Во изминатите 24 часа се регистрирани 195 нови случаи на заболени и вкупниот број на случаите на зараза се искачи на 32.895 лица.

Во Бразил, како втора најмногу погодена земја од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со регистрирани најголем број случи на зараза по САД, бројот на смртните случаи во изминатите 24 часа се зголеми за уште 1.262 лица и достигна до 31.309. Бројот на случаите на зараза со раст за 28.936 новозаразени се зголеми на 555.383 лица, а досега оздравеа и над 211 илјади заболени од вирусот.

Во Мексико, бројот на починатите со изминатите 24 часа со раст за уште 470 лица се зголеми на 10.637, а на случаите на зараза со раст за 3.891 лице достигна до 97.326.

Во Холандија, кадешто животот го загубија 5.967 лица еден ајет од светата муслиманска книга Куранот напишан на холандски јазик и поставе н на 50 станици за јавен превоз во  градовите Ротердам и  Шиедам со пораката „Издржи Холандија“ и „Заедно сме силни“, беше претставен како поддршка на борбата на народот во оваа земја против коронавирусот.

Австрија, која во рамките на борбата против Ковид-19 во почетокот на март ги затвори своите граници донесе одлука целосно да ги отвори своите граници со сите соседни земји, со исклучок на Италија.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои други западни земји е вака: Белгија 9.522, Германија 8.674, Канада 7.395, Перу 4.767, Чиле 1.188.

Германија, предупредувањето за патување коешто го достави во рамките на борбата против Ковид-19 почнувајќи од 15 јуни го укина за 26 земји членки на Европската унија (ЕУ), како и за земјите како што се Велика Британија, Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн.

Во меѓувреме, Меѓународниот совет на медицинските сестри (ICN) соопшти дека во светот се заразени од новиот тип коронавирус (Ковид-19) најмалку 230 илјади здравствени работници, додека животот го загубија повеќе од 600 медицински сестри.



Слични вести