Протести во Франција против смртта на црнецот Адама Траоре во полициско насилство пред 4 години

И покрај забраната на губернијата на Париз на повикот „Колектив за правда за Адама“ голем број демонстранти се собраа пред Судската зграда и протестираа против полициското насилство

1428403
Протести во Франција против смртта на црнецот Адама Траоре во полициско насилство пред 4 години
fransa protesto.jpg
fransa gosteri protesto.jpg

Во Франција илјадници лица излегоа на улиците во знак на протест против 24 годишниот црнец Адама Траоре кој за време на неговиот притвор пред 4 години во 2016 година беше убиен со давење исто како и Џорџ Флојд во Соединетите Американски Држави (САД).

И покрај забраната на губернијата на Париз на повикот „Колектив за правда за Адама“ голем број демонстранти се собраа пред Судската зграда и протестираа против полициското насилство.

Француската полиција на приближно 20 илјади собрани демонстранти интервенираше со бибер спреј.

Некои од демонстрантите извикувајќи слогани „Правда за Адама Траоре“ дојдоа пред Амбасадата на САД во Париз.

Овде, демонстрантите протестираа против управата на САД за смртаа на Џорџ Флојд, а одржаа и тивок протест со седење.

Во објавеното соопштение од Дирекцијата на полицијата во Париз се истакнува дека на протестот против полициското насилство во чест на смртта на Траоре се притворени 18 лица.

Инаку, во голем број градови низ САД продолжуваат да се одржуваат протести против смртта на црнецот Џорџ Флојд кој го загуби животот за време на неговото приведување од страна на полициската на 25 мај.

Протестите во САД не претстануваат и повремено стануваат сцена и на насилство, грабежи и судири.



Слични вести