Либиската армија официјално ја започна операцијата за целосно ослободување на аеродромот во Триполи

Портпаролот на либиската армија полковник Мухамед Кунуну информира дека официјално започна операцијата за ослободување на аероромот во главниот град Триполи и дека им е издадена наредба на единиците на армијата да напредуваат кон аеродромот

1428563
Либиската армија официјално ја започна операцијата за целосно ослободување на аеродромот во Триполи

Либиската армија соопшти дека официјално е започната операцијата за ослободување на меѓународниот аеродром во главниот град Триполи кој се наоѓа под окупација на милициските сили на Халифа Хафтар, лидерот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на земјата.

Портпаролот на либиската армија полковник Мухамед Кунуну информира дека официјално започна операцијата за ослободување на аероромот во Триполи и дека им е издадена наредба на единиците на армијата да напредуваат кон аеродромот кадешто се повлекоа милициските сили на Хафтар бегајќи од фронтовите во јужниот дел на главниот град.

Кунуну воедно ја сподели и информацијата дека во рамките на подготовките за операцијата армиските единици во последните 2 дена ја воспоставија контролата во областите околу аеродромот.

Велејќи дека единиците на армија во последната една недела ги ослободија и исчистија од милициските сили сите воени кампови јужно од главниот град Триполи, Кунуну истакна дека воздушните елементи на армијата во последните неколку часа доведоа во неупотреблива состојба два тенка во областа Каср бин Гашир кадешто се наоѓа аеродромот. 

Освен тоа, во објавеното соопштение од одделот за печат на операцијата Вулкан на гневот којашто се спроведува од страна на армијата се истакнува дека милициските сили на Хафтар кои бегаат од бојното поле оставиле зад себе 48 мртви тела, меѓутоа не беа дадени детални информации по прашањето.

Од друга страна, портпаролот на единицата за операција за воспоставување на безбедноста во Сирте и Ел Џуфра бригадниот генерал Абдулхади Дирах истакна дека во градот Сирте од новиот тип коронавирус (Ковид-19) животот го загубија двајца руски платеници кои се борат во редовите на Хафтар, а уште двајца руски платеници биле заразени од вирусот.



Слични вести