Џонсон се соочи со прашања во Парламентот, додека Трудо молчеше 21 секунда на поставеното прашање

Во Долниот дом на британскиот Парламент беше одржана седница на која му беа поставени прашања на премиерот Борис Џонсон во врска со убиството на Џорџ Флојд во САД, додека канадскиот премиер Џастин Трудо на поставеното прашање молчеше цели 21 секунда

1428861
Џонсон се соочи со прашања во Парламентот, додека Трудо молчеше 21 секунда на поставеното прашање
Justin Trudeau.JPG

Опозицијата во Велика Британија го критикуваше британскиот премиер Борис Џонсон кој продолжува да молчи и покрај тоа што измина една недела од убиството на американскиот граѓанин црнец Џорџ Флојд во полициско насилство.

Во Долниот дом на британскиот Парламент беше одржана седница на која му беа поставени прашања на премиерот Џонсон.

Лидерот на главната опозициска Лабуристичка партија Кер Стармер истакна дека бил шокиран од смртта на Џорџ Флојд и рече: „Убиството држи светлина на расизмот во Соединетите Американски Држави (САД) и другите земји.“  

Стармер наведе деја е зачуден поради тоа што премиерот Џонсон засега не кажа ништо по ова прашање и рече: „Меѓутоа, се надевам дека (Џонсон) во својот следен разговор со американскиот претседател Доналд Трамп ќе изнесе одвратноста на Британија по прашањето на одговорот што го даде Трамп против настаните.“

На овие зборови, британскиот премиер Борис Џонсон истакна дека убиството на Џорџ Флојд беше шокантно и неоправдано, меѓутоа напомена дека народот треба да протестира мирољубиво.

Лидерот на групата на Шкотската национална партија во британскиот Парламент Блекфорд пак, го обвини премиерот Џонсон дека до оваа седница се обидуваше да избега од ова прашање и го запраша премиерот што сака да му каже на аермиканскиот претседател Доналд Трамп и дали ќе го користи зборот „Животот на црнците не е драгоцен.“ 

На едно поставено прашање, британскиот премиер Борис Џонсон го рече следното: „Секако дека животот на црнците е драгоцен. Потполно ги разбирам гневот и болката којашто се чувствува не само во Америка, туку и во светот и во нашата земја.“

Џонсон истакна дека го поддржува и правото на протест, но дека протестите треба да се одржуваат во согласност со законите и правата на социјално растојание.

Од друга страна, канадскиот премиер Џастин Трудо пред да одговори на едно поставено новинарско прашање за тоа дали американскиот претседател Трамп користи прекумерна сила против демонстрантите и дали е оправдана неговата најава дека ќе ја вклучи и војската, молчеше цели 21 секунда.

Трудо на поставеното прашање молчеше во текот на 21 секунда, а потоа одговори со зборовите: „Во страв и со зачуденост гледаме што се случува во САД.“



Слични вести