Во нападот на воената база во САД загинаа 2 војници

Во соопштението не беше истакнато зошто е извршен нападот и дали е фатен напаѓачот.

1427867
Во нападот на воената база во САД загинаа 2 војници

Во нападот на воената база во американската сојузна држава Северна Дакота загинаа 2 војници.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на Базата на воздушните сили Гранд Форкс во Северна дакота беше истакнато следното:

„Во нападот што беше извршен во утринските часови врз базата на воздушните сили загинаа двајца војници.“

По нападот што беше извршен околу 04.30 часот наутро, беше воспоставена контрола во воената база, беше обезбедена безбедноста на останатиот персонал и продолжува истрагата во врска со нападот.

Бидејќи сеуште продолжува истрагата, имињата на загинатте војници ќе бидат објавени по 24 часа. Во соопштението не беше истакнато зошто е извршен нападот и дали е фатен напаѓачот.



Слични вести