УНСМИЛ: Либиската влада и Хафтар прифатија повторно да започнат со преговори за прекин на огнот

Преговорите помеѓу страните за прекин на огнот и безбедносните регулативи во врска со тоа ќе бидат остварени на основа на поднесениот договор од страна на Мисијата на ОН на разговорите на заедничкиот воен комитет на 23 февруари во форматот 5+5

1427956
УНСМИЛ: Либиската влада и Хафтар прифатија повторно да започнат со преговори за прекин на огнот

Мисијата на Обединетите нации за поддршка на Либија (УНСМИЛ) соопшти дека легитимната влада на Либија (Владата на националното единство на Либија) и лидерот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија Халифа Хафтар прифатиле повторно да започнат со преговорите за прекин на огнот.

Во објавеното писмено соопштение од Мисијата на Обединетите нации за поддршка на Либија  (УНСМИЛ) се истакнува дека разговорите за прекин на огнот и безбедносните регулативи во врска со тоа ќе бидат остварени на основа на поднесениот договор од страна на Мисијата на Обединетите нации (ОН) на разговорите на заедничкиот воен комитет на 23 февруари во форматот 5+5.

Во соопштението се наведува дека „на повиците на Либијците кои посакуваат во најскоро време да се стекнат со поносен и безбеден живот страните прифатија повторно да седнат на масата за дијалог“, а воедно се вели дека Обединетите нации (ОН) ја поздравуваат оваа одлука на страните.

Исто така се изразува желба сите национални и меѓународни страни инволвирани во либиското прашање да одговорат на повиците на либискиот народ во правец на окончување на војната и преговорите во форматот 5+5 да подготват основа за постигнување на траен прекин на огнот.

Засега не е објавено официјално соопштение по прашањето од страна на либиската Влада и Халифа Хафтар, како страни кои ќе учествуваат на преговорите.

 

 



Слични вести