Немирите во САД

Погребот на Флодј ќе се одржи во четврток

1427768
Немирите во САД

Во Вашингтон и Њујорк прогласен полициски час по интензивирањето на реакциите кои започнаа поради минатонеделното убиство на Афроамериканскиот граѓанин Џорџ Флојд од страна на полиијата на сојузата држава Минесота.

Во независниот извештај за обдукција беше истакнато дека Флојд умрел бидејќи останал без здив и не можел да дише. Погребот на Флодј ќе се одржи во четврток.

Градоначалникот на Вашингтон Муриел Боусер на прес конференцијата во врска со полицискиот час потсети дека во рамките на проестите биле ограбени голем број деловни простори и продавници, а некои од нив биле дури опожарени.

Согласно Уставот, демонстрантите имаат право на протести и демонстрации, но кога го прават тоа не треба да го опожарат градот.

Обемот и деталите во врска со полицискиот час беа определени со уредба.

Според тоа, за време на полицискиот час кој ќе трае од 19.00 до 06.00 часот, вработените во одредени професии и новинарите нема да бидат опфатени во оваа забрана.

Во меѓувреме, во протестите и демонстрациите во Чикаго, што започнаа по смртта на Флојд, кој беше жртва на полициско насилство, загинаа две лица.

Портпаролот на градската управа на Чикаго Реј Хананиа рече дека во рамките на демонстраците во предградието Цицеро биле приведени над 60 лица.

Од друга страна во Вашингтон беа приведени стотици демонстранти кои излегоа на протести и демонстрации против смртта на Флојд кој загина како последица на насилството на полицијата.

Демонстрантите беа однесени во полициските станици и центри во околината и по закоснките процедури што ќе се спроведат, ќе бидат изнесени пред суд.

Во демонстрациите во Сент Луис беа повредени 4 полицајци.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на полицијата на Сент Луис преку профилот на твитер беше истакнато дека во синоќешните протести врз полицијата која се обидуваше да воспостави контрола беше отворен оган во кој беа повредени 4 полицајци.

Повредените полицајци беа префрелни во една болница на лекување.

Од друга страна пак екипата на ТРТ ворлд беше изложена на напад за време на пренесувањето на случувањата во САД.

Членовите на екипата на ТРТ ворлд која ги пренесуваше случувањата од вашингтон и Минеаполис беа повредени со пластични куршуми и гасните бомби кои беа испукани и исфрлени од страна на полицјата со цел да ги растера демонстрантите.

Во меѓувреме, беше истакнато дека прелиминарните избори кои денес треба да се одржат во Вашингтон нема да бидат изложени на неповолното влијание на претседателските избори закажани за 3 ноември и дека гласачките кутии ќе бидат отворени.

Гуверенерот на Њујорк Ендрју Куамо соопшти дека заедно со градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио донеле одлука за спроведување полициски час со цел да се воспостави контрола над протестите.

Куомо рече дека полицискиот час ќе почне да се спроведува од 23.00 часот понеделни навечер до 05.00 часот вторник наутро, додека во врска со евентуалното продолжување на полицискиот час сеуште не е донесена конечна одлука.

Гуверенерот рече дека усвоиле одлука за зголемување на бројот на полицајците од 4 илјади на 8 илјади полицајци.

Мировните маршеви во рамките на протестите во ЊУјорк, со стемнувањето прераснуваат во насилства и грабежи, додека стаклата на некои луксузни продавници бее скршени и украдени изложените предмети и облеки на витрините.

Во подоцнежните часови на ноќта, избувнаа жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата во населбите Менхетен и Бруклин на Њујорк, во кои беа повредени голем број лица, а стотици демонстранти беа приведени.

Демонстрантите во текот на ноќта нанесоа голема материјална штета на продавниците и деловните простори, а исто така опожарија некои полициски возила.

Американскиот претседател Доналд Трамп оствари телеконференција со гувернерите на сојузните држави по повод протестите и демонстрациите кои траат скоро една недела по смртта на Флој кој загина како последица на насилството на полицијата.

Американските медиуми во информацијата што ја објави врз основа на аудио саписите истакнаа дека Трамп, гувернерите ги обвинил за слабо постапување и дека потенцирал дека вие сте тие кои во случувањата треба да бидат доминантната страна. Ако не моете да го постигнете тоа, тогаш беспотребно губите време.

Трамп потенцираше дека гувернерите треба да преземат постри мерки и да фрлат решителни чекори во борбата против демонстрантите. Засега тие се само едно движење. Ако навремено не ги спречите, тогаш работите можат да се одвиваат многу полошо.

Треба да ги уапсите луѓето, да ги следите нивните движења. Да ги осудите на казна затвор до десет години. Ако го направите тоа, уште еднаш нема да се соочите со слични проблеми, рече Трамп.

Нешто потоа прес конференција одржа портпаролката на Белата куќа Кејли Мек Ени која рече дека демонстраците се оддалечија од цета и се претворија во насилство.

Гувернерите веднаш треба да стапат во акција и за заштита на американското општество, треба да се ангажираат поголем број приврзаници на Националната гарда.

Четворица американски претставници во интервјуто за американскиот ТВ-канал ЕнБиСи истакнаа дека постои веројатност претседателот Трамп да го искористи правото за примена на воена сила согласно Законот против бунтовите кој беше усвоен во 1807 година со цел да се задушат бунтовите или внатрешните превирања на териториите на САД.

Меѓудругото се изнесува тврдењето дека пред дводневниот полициски час, американската армија испратила една воено-полициска единица од околу 250 војници од касарната Форт Браг во Северна Каролина во Вашингтон ДС.

Американскиот претседател Доналд Трамп на прес конференцијата во дворот на Белата куќа во врска со протестите кои прераснаа во жестоки насилства рече дека за смирување на случувањата во земјата задолжиле илјадници војници со тешко оружје и приврзаници на безбедносните сили.

Трамп на почетокот на говорот потенцираше дека основната задача на претседателот е да ја заштити земјата и граѓаните. Јас положив заклетва за заштита на законите на земјата. Ќе го одржам ветувањето кое му го дадов на американскиот народ кој е незадоволен од бруталното убиство на Џорџ Флојд. Мојата администрација ќе го одржи ветувањето за спроведување на правдата за Флојд и неговото семејство. Тој не умре залудно, потенцираше Трамп.

Сите овие случувања, не се само обични мировни протести, туку внатрешно терористички акции, уништување на животите на невините. Пролевањето на крвта на еден невин човек освен тоа што претставува кривично дело против човештвото исто така претставува и кривично дело против Господ. Америка има потреба од ново формирање и преуредување, а не уништување, од операции а не ароганција, од безбедност а не анархија, од подобрување а не омраза, од правда а не хаос.

Против случувањата ќе бидеме успешни, поради што фрливме нови чекори на тоа поле.

Ги мобилизирам сите активни федерални, политички и воени извори за заштита на американските граѓани кои ги почитуваат законите со цел да се окончааат насилствата и грабежите, рече Трамп.

По говорот во Белата куќа, Трамп со Библија во рацете отиде во црквата Свети Џонс која на синоќешните протести беше изложена на подметнување на пожар.

Острата интервенција на полицијата врз демонстрантите кои беа собрани пред црквата Свети Џонс кон која се насочи Трамп, предизвика големи реакции кај американската јавност.

Трамп пред црквата се задржа кус период и не влезе внатре, додека во Белата куќа се врати под силни безбедносни мерки.

Во меѓувреме, полицијата соопшти дека погребната церемонија на Џорџ Флојд кој загина како последица на насилството на полицијата, ќе се одржи во четврток.

Гувернерот на Минесота Тим Валц на конференцијата за печатот рече:

„Погребната церемонија ќе биде голема манифестација не само за градот Минесота туку и за сета сојузна држава Минесота и целата нација бидејќи ќе имаме можност да му одадеме чест на еден живот кој беше окончан пред вниманието на целата јавност.“

Според резултатите од специјалниот извештај за обдукција која беше извршена на барање на семејството на Џорџ Флојд и кој беше објавен на јавноста, беше утврдено дека Флојд загина како последица на задушување (асфиксија).

Во извештајот се истакнува дека како последица на постојаниот притисок што беше извршен врз главата и грбот на Флојд, останал без кислород и бил спречен крвотокот на крвта во мозокот, поради што умрел на лице место.

Полицаецот Дерек Шаувин кој беше причина за смртта на Флојд и беше приведен, беше префрлен во еден друг затвор во Минесота кој е многу подобро заштитен и обезбеден. Шаувин на суд ќе биде изнесен на 8 јуни.

Флојд минатата недела во Минеаполис беше приведен под обвинение за измама. Полицаецот Шаувин со коленото подолго време го притискаше врз тилот. Флојд покрај тоа што полицаецот Шаувин постојано го молеше да го тргне коленото бидејќи не може да дише, Шаувин не го тргна коленото, поради што Флојд умре на патот за болницата каде што беше префрлен на лекување.

Видео записите кои беа снимени со мобилни телефони од страна на граѓаните кои поминуваа, за кратко време се проширија на социјалните мрежи, поради што дојде до разгорување на дискусиите за насилствата на полицијата врз црномурестите граѓани.

И натаму продолжуваат протестите и демонстрациите во Минеаполис кои се проширија низ целата држава.

Во март во градот Луисвил во сојузната држава Кентаки поради небрежност беше изземен од должноста шефот на полицијата на градот бидејќи со камерите прикачени на полицајците не го снимиле убиството на сопственикот на еден популарен ресторан за месо кој загина од куршумите на полицајците за време на протестите што се одржаа по повод барањето правда за црномурестата Бреона Тејлор која беше убиена во сопствената куќа од страна на полицијата.



Слични вести