Либиската армија продолжува да напредува пред милициските сили на пучистот Хафтар

Портпаролот на армијата полковник Мухамед Кунуну соопшти дека во реализираните воздушни операции во последните 24 часа се уништени 7 воени возила на милициските сили на пучистот Халифа Хафтар и се неутрализирани 12 припадници на неговите милициски сили

1428152
Либиската армија продолжува да напредува пред милициските сили на пучистот Хафтар

Либиската армија во реализираните операции во областите јужно од главниот град Триполи во последните 24 часа уништи 7 воени возила на милициските сили на Халифа Хафтар, лидерот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на земјата, а неутрализира и 12 припадници на неговите милициски сили.

Портпаролот на армијата полковник Мухамед Кунуну во објавеното соопшение истакна дека во 5 воздушни операции кои беа реализирани во последните 24 часа од страна на воздушните елементи на армијата во околината на градот Асабија  јужно од главниот град Триполи, се неутрализирани 12 припадници на милициските сили лојални на пучистот Халифа Хафтар, лидерот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на земјата.

Кануну воедно рече дека се уништени и 7 воени возила, 1 возило натоварено со муниција и едно оклопно возило на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) на милициските сили на Хафтар.

Портпаролот на либиската армија полковник Мухамед Кунуну во соопштението го додаде и следното: „Нашите јуначки сили напредуваат силно во областите Ел-Халле и Халлатат и влегуваат во пештерите на милициските сили на терористот Хафтар.“



Слични вести