Билансот на Ковид-19 во светот: Над 377 илјади смртни случаи

Бројот на заразените во светот изнесува над 6 милиони 333  илјади, а на оздравените над 2 милиони 885 илјади лица.

1427649
Билансот на Ковид-19 во светот: Над 377 илјади смртни случаи

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот изнесува над 377 илјади, на заразените над 6 милиони 388  илјади, а на оздравените над 2 милиони 922 илјади лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Велика Британија која важи за седиште на епидемијата во Европа, во последните 24 часа се зголеми за 111 лица и изнесува над 39 045, додека бројот на заразените се зголеми за 1 570 и изнесува 276 332 пациенти.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Италија во последните 24 часа се зголеми за 60 и изнесува 33 475. Бројот на заразените изнесува 233 197 пациенти. Бројот на активни случаи на Ковид-19 се намали за 708 и изнесува 41 367. Италија од утре се подготвува да ги отвори своите граници со ЕУ.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во болниците во Франција во последните 24 часа се зголеми за уште 31 и изнесува 28 833 лица. Бројот на заразените се зголеми за уште 338 и изнесува 226 831. Во рамките на втората фаза на нормализирање на мерките, денес во Франција ќе се отворат кафетериите, баровите, рестораните, додека во подрачјето Ил де Франс кое се наоѓа во рамките на Париз, ќе можат да се отворат само кафетериите и рестораните под отворено небо. На 22 јуни во останатите градови освен Париз почнувајќи од денес повторно ќе се отворат базените, салите за спортување и театрите, кино салите.

Министерството за дзравство на Шпанија соопшти дека во последните 24 часа во Шпанија нема нови смртни случаи од Ковид-19, додека бројот на новоинфектираните се зголеми за 71 лице. Министерството за здраство на Шпанија, бројот на смртните случаи го објавува неделно и според податоците, оваа бројка изнесува 35. Во Шпанија на 2 април бројот на смртните случаи изнесуваше 950 и тоа беше досегашен врв на епидемијата Ковид-19. Бројот на новоинфектираните изнесуваше над 8 илјади.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Канада во псоледните 48 часа се зголеми за 244 и изнесува 7 380, додека бројот на инфектирани се зголеми за 2 275 и изнесува 92 465.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Бразил изнесува 30 046, додека вкупниот број на заразени се зголеми на 529 405.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во мексико изнесува 10 167, додека бројот на заразени со раст од 2 771 се зголеми на 93 435. Претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор со првото патување со автомобил ја започна фазата на нормализирање на секојдневниот живот по двомесечниот период на мерки и забрани. Обрадор додаде дека во случај да се забележи раст на новоинфектираните од Ковид-19, постои можност повторно да се воведат мерките.

Бројот на смртните случаи во некои други земји во светот се дадени подолу:

Во Белгија 9 486, во Германија 9 618, во Перу 4 634, во Чиле 1 113.



Слични вести