Во ракетен напад на милициските сили на Хафтар врз населено место во Триполи загинаа 5 мина цивили

Милициските сили лојални на Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија, реализираа ракетен напад врз населено место во главниот град Триполи, во кој загинаа 5 мина цивили

1426905
Во ракетен напад на милициските сили на Хафтар врз населено место во Триполи загинаа 5 мина цивили

Во реализиран ракетен напад од страна на милициските сили лојални на Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија, врз главниот град Триполи, загинаа 5 мина цивили.

Емин ел-Хашими, функционер од Министерството за здравство истакна дека од страна на милициските сили на Хафтар е реализиран напад врз Триполи.

Хашими рече дека истреланите ракети паднале врз цивилно населено место во областа Сук ес-Сулеса во главниот град и дека во нападот загинаа 5 мина цивили, додека не даде информации во врска со бројот на ранетите.

Инаку, милициските сили лојални на Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија, од јануари досега истрелаа стотици ракети врз цивилните населени места на Владата на национално единство, а особено врз областите во главниот град Триполи, при што во овие напади загинаа десетици цивили меѓу кои се наоѓаат и деца, а стотици цивили се ранети.



Слични вести