Путин: „Референдумот ќе се одржи на 1 јули“

Државата не дозволи да се остварат неповолните сценарија во врска со епидемијата поради навремено преземените превентивни мерки

1427451
Путин: „Референдумот ќе се одржи на 1 јули“

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека референдумот, со кој ќе му се овозможи повторно да се кандидира на претстојните претседателски избори во 2024 година и ќе се извршат уставни амандмани за промена на политичкиот систем, ќе се одржи на 1 јули 2020 година.

Путин одржа состанок со Центраниот изборен комитет и другите надлежни во врска со референдумот за уставните амандмани, кој беше закажан за 22 април, а беше одложен поради новиот тип на коронавирусот (Ковид-19).

Државата не дозволи да се остварат неповолните сценарија во врска со епидемијата поради навремено преземените превентивни мерки, рече Путин и додаде дека животото во земјата се нормализира.

За утврдување на датумот на одржување на референдумот се налага законска потреба од 30 дена од денот на прогласувањето, потсети Путин потенцирајаќи дека „Референдумот за уставни амандмани ќе го одржиме на 1 јули 2020.“

Путин издаде инструкција за остварување на потребната организација за заштита на здравјето и животите на луѓето поради епидемијата за време на гласањето.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека 1 јули 2020 ќе биде прогласен за неработен ден.



Слични вести