Протести и во Лондон против убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис во САД

Голем број демонстранти во знак на солидарност поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд кој го загуби животот во полициското насилство во градот Минеаполис во САД, се собраа на плоштадот Трафалгар во британскиот главен град Лондон

1426922
Протести и во Лондон против убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис во САД

Илјадници демонстранти одржаа протест во главниот град на Велика Британија, Лондон, во знак на солидарност поради убиството на Џорџ Флојд во полициското насилство на кое беше подложен за време на приведувањето во градот Минеаполис во Соединетите Американски Држави (САД). 

Демонстрантите кои вчера во пладневните часови се собраа на плоштадот Трафалгар во Лондон, извикуваа слогани "Ако нема правда нема ниту мир" и "Тргнете го вашето колено од нашиот врат", а воедно на своите раце носеа и транспаренти со натписи против владите на САД и Велика Британија.

Големиот број демонстранти потоа маршираа кон Амбасадата на САД која се наоѓа во квартот Вауксхол.

Помеѓу британската полиција која презеде строги безбедносни мерки пред Амбасадата и демонстрантите повремено дојде до судир при што беа притворени 11 демонстранти.

По повлекувањето на полицијата затегнатоста попушти и потоа демонстрантите тргнаа кон владината канцеларија на Даунинг стрит број 10 и протестот продолжи таму. 



Слични вести