Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Русија, во изминатите 24 часа се регистрирани 9.268 новозаразени, со што вкупниот број на случаите на зараза се зголеми на 405.842, бројот на смртните случаи со раст за уште 183 лица се искачи на 4.693

1426833
Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 374 илјади 500 лица, на случаите на зараза изнесува над 6 милиони 300 илјади, а досега оздравеа и над 2 милиони 866 илјади заболени од вирусот.

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Кина, изворната земја на глобалната епидемија, кадешто бројот на смртните случаи изнесува 4.634, во изминатите 24 часа се регистрирани 16 нови случаи на зараза со што бројот на инфектираните се зголеми на 83.017 лица.

Во Иран, бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 7.878, а на случаите на зараза на 151.466 лица.

Во Русија, во изминатите 24 часа се регистрирани 9.268 новозаразени, со што вкупниот број на случаите на зараза се зголеми на 405.842, додека бројот на смртните случаи со раст за уште 183 лица се искачи на 4.693. Досега оздравеа вкупно 171.883 заболени од вирусот.

Во Украина, бројот на починатите со раст за 10 лица се зголеми на 718. Министерот за здравство Максим Степанов соопшти дека со регистрирање на вирусот кај 340 лица во изминатите 24 часа од кои 79 здравствени работници и 13 деца, вкупниот број на случаите на зараза во земјата се искачи на 24.012 лица.

Во Ерменија, бројот на починатите со раст за 8 лица се зголеми на 139, а на случаите на зараза се искачи на 9.402 лица. Премиерот Никол Пашинјан соопшти дека тој и сите членови на неговото семејство била позитивни на Ковид-19. Пашинјан рече дека веројатно бил инфектиран на некој од работните состаноци, а потоа го пренел вирусот и на членовите на своето семејство. Ерменскиот премиер Никол Пашинјан напомена дека состојбата во неговата земја во врска со епидемијата не е добра и дека граѓаните треба да се научат да живеат со вирусот.

Во Јужна Кореја, бројот починатите изнесува 271 лице, а на случаите на зараза се зголеми на 11.503.

Во Индија, кадешто бројот на човечките загуби изнесува 5.408 лица, со раст за уште 8.392 лица во изминатите 24 часа бројот на случаите на зараза се зголеми на 190.791.

Во Пакистан, бројот на смртните случаи се зголеми на 1.543, а на случаите на зараза на 72.460 лица.

Во објавеното соопштение од Министерството за здравство на Регионалната курдска управа на Ирак се истакнува дека во провинциите Сулејманије и Ербил од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) починаа 2 лица. Во соопштението се вели дека се регистрирани 104 позитивни случаи на Ковид-19 од кои 101 во Суејманије и 3 во Ербил, што пак како што се наведува претставува најголем број на регистрирани случаи на зараза во регионот. Инаку, во Регионалната курдска управа на Ирак откако не беа утврдени нови случаи на зараза и бројот на заболените опадна до 14 лица на 11 мај се премина кон процес на нормализација.

Според последните податоци на Центарот за контрола и спречување на болести на Африка (Africa CDC), бројот на починатите од Ковид-19 на континентот се зголеми на вкупно 4.228 лица, а на регистрираните случаи на зараза со раст за уште 6 илјади лица во изминатите 24 часа се искачи на 147.099 лица. Бројот на оздравените пак, се зголеми на 61.808 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Египет изнесува 959, во Јужна Африка 683, Алжир 653, Нигерија 287, Судан 286, Мароко 205, камерун 197.



Слични вести