При потонување на траект со патници во Гана загина едно лице, а 24 лица се водат како исчезнати

Во Гана поради претовареност потона траект којшто превезувал патници при што во несреќата е пронајдено мртвото тело на едно лице, а се уште не можат да се добијат информации од 24 лица кои се наоѓале на траектот

1427211
При потонување на траект со патници во Гана загина едно лице, а 24 лица се водат како исчезнати

При потонување на траект којшто превезувал патници во западноафриканската држава Гана, според првични добиени информации, животот го загуби едно лице, а 24 лица се водат како исчезнати.

Во објавеното соопштение од Националната организација за елементарни непогоди и управување (NADMO), се истакнува дека поради претовареност потонал еден траект во езерото Волта којшто превезувал патници од градот Агаларкопе во селото Дземени, во источниот дел на земјата.

Во соопштението се вели дека за време на активностите за пребарување и спасување на местото на несреќата било пронајдено мртвото тело на едно лице и дека се уште не можат да се добијат информации од 24 лица кои се наоѓале на траектот. 

Надлежни истакнуваат дека активностите за пребарување и спасување продолжуваат.



Слични вести