Поради нередите во САД Трамп ќе го прогласи движењето Антифа за терористичка организација

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека движењето Антифа кое се обвинува за поттикнување на насилството на протестите ќе биде прогласено за терористика организација

1426918
Поради нередите во САД Трамп ќе го прогласи движењето Антифа за терористичка организација
Abd Floyd Gösteriler (2).jpg
Abd Floyd Gösteriler (1).jpg
Abd Floyd Gösteriler (3).jpg
Abd Floyd Gösteriler (4).jpg
Abd Floyd Gösteriler (5).jpg
Abd Floyd Gösteriler (6).jpg
Abd Floyd Gösteriler (7).jpg
Abd Floyd Gösteriler (9).jpg
Abd Floyd Gösteriler (10).jpg
Abd Floyd Gösteriler (11).jpg
Abd Floyd Gösteriler (12).jpg
Abd Floyd Gösteriler (13).jpg
Abd Floyd Gösteriler (14).jpg
Abd Floyd Gösteriler (15).jpg
Abd Floyd Gösteriler (16).jpg
Abd Floyd Gösteriler (17).jpg
Abd Floyd Gösteriler (18).jpg

Во Соединетите Американски Држави (САД) не престануваат протестите коишто започнаа по насилството на полицијата минатата недела во градот Минесаполис во кое животот го загуби Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Во протестите досега загинаа 2 лица.

Протестите против полициското насилство кое често се врши при што животот го губат голем број Американци црнци продолжуваат да се шират во голем број градови и сојузни држави во САД, при што повремено стануваат сцена и на нереди, насилство и грабежи.

Илјадници демонстранти излегоа на улиците во голем број градови на САД, а пред се во главниот град Вашингтон DC и во градовите Минеаполис, Филаделфија, Чикаго и Лос Анеџелес.

Во 40 градови вклучувајќи ги и големи градови како што се главниот град Вашингтон DC, како и Атланта, чикаго, Денвер, Лос Анџелес, Сиетл и Сан Франциско е прогласен полициски час (забрана за излегување на улица) и како што се истакнува, во врска со протестите во неделата во 15 сојузни држави повторно се повикани на задача за поддршка единиците на Националната гарда.

Во градовите Лонг Бич и Сан Хозе во Калифорнија се доживеани ограбувања на голем број продавници, а како што се истакнува во судирите за време на протестите во Индианаполис загинаа 2 лица.

Исто така и за време на протестите во различни области на Њујорк повремено се доживува затегнатост со полицијата при што во нередите се притворени десетици демонстранти, а за време на нередите е запалено и едно полициско возило. 

Еден возач на цистерна во градот Минеаполис влета меѓу илјадниците насобрани демонстранти на автопатот, но во инцидентот немаше загинати или повредени. Потоа демонстрантите го нападнаа возачот на цистерната кој беше повреден и беше префрлен на лекување во болница.

Градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио исто така застана во одбрана на тоа дека се настојува мирољубивите протести да се провоцираат од страна на група лица кои се дојдени од надвор и кои ги поворцираат насилството и грабежите, а воедно наведе дека синоќа и покрај сите провокации полицијата беше воздражана и спречи да дојде до пораст на нередите.

Во врска со настанот со возење на полициско возило врз демонстрантите којшто инаку привлече голема реакција во социјалната медија, Де Бласио рече: „Тоа никако не ми се допадна, апсолутно не сакам да видам таков сличен настан. Го истражуваме ова прашање.“

Во меѓувреме, за време на протестите во Њујорк од страна на полицијата  поради незаконско собирање била притворена и ќерката на градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио, Кијара де Бласио.  

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека движењето Антифа кое се обвинува за поттикнување на насилството на протестите ќе биде прогласено за терористика организација. Потоа секретаријатот за правда соопшти дека им е издадена директива на федералните сили за фаќање на како што беше наведено „провокаторите“, вклучувајќи ги и членовите на движењето Антифа.

Инаку, Движењето Антифа се појави во 1930-сетите години во Германија против порастот на нацизмот и означува кратеница на зборот антифашизам. 

Освен тоа, американскиот претседател Доналд Трамп упати повик до локалните функционери на Демократите да стапат во акција и ја поддржат националната гарда.

Трамп во објавеното соопштение преку социјалната мрежа Твитер истакна дека мора да се интервенира „пред да биде доцна“ против демонстрантите кои пак ги окарактеризира како „радикални анархисти“.

Во меѓувреме, се тврди дека за време на протестите во петокот вечер кога демонстрантите кои протестираат против насилната смрт на Флојд се собраа пред Белата куќа претседателот Доналд Трамп бил однесен во бункер под Белата куќа.

Во веста на американскиот телевизиски канал „CNN“ ослоновувајќи се на вработен во Белата куќа и извор на безбедносните сили се наведува дека Трамп пред да биде качен на горниот спрат останал приближно еден час во бункер.

Eден друг извор на безбедносните сили и извор упатен по прашањето изјавиле за „CNN“ дека, ноќта во петокот кога протестите се проширија и пред Белата куќа претседателот Доналд Трамп неговата сопруга Меланија Трамп и синот Барон биле однесени во бункер под Белата куќа. 

Втор извор пак, истакна дека доколку состојбата во Белата куќа се покачи на „црвено“, американскиот претседател Доналд Трамп, неговата сопруга Меланија Трамп, синот Барон Трамп и дите други членови на семејството ќе бидат однесени во Оперативниот центар за итни состојби.

Од друга страна, е соопштено дека полицискиот службеник Дерек Човин кој беше причина за смртта на Џорџ Флојд е пренесен во затворот Хенепин и кој денеска во 13:00 часот по локално време ќе биде изнесен пред суд.

Инаку, 46 годишниот Џорџ Флојд (Афроамериканец) кој минатата недела под сомнение за измама беше приведен од страна на полицијата во Минеаполис, со минути го молеше полицаецот (белец) застанат со колено на неговиот врат велејќи „Не можам да дишам!“, по што го загуби животот во ова полициско насилство. Трогателните снимки од овој настан беа споделени преку социјалните медиуми со што повторно се разгореа дискусиите во врска со полициското насилство врз припадниците на црната раса во САД и започнаа протести во голем број градови, а пред се во Минеаполис кои продолжуваат да стануваат сцена и на насилство и рушења. 

Прексиноќа само за време на протестите во Њујорк се уапсени 345 демонстранти, а се повредени и 33-јца полицајци. 

Во Манхатан се ограбени повеќе од десетина работни места, оштетени се 47 полициски возила чии стакла беа скршени или пак беа запалени.



Слични вести