Минатиот месец во Сирија се убиени 125 цивили од кои 26 беа деца и 6 жени
Сириската мрежа за човекови права соопшти дека бројот на загинатите поради измачување, напади, експлозии, судири и други причини реализирани од страна на конфликтните страни во Сирија во оваа година вклучувајќи го и месец мај, се зголеми на 910 лица

Сириската мрежа за човекови права (СНХР) соопшти дека минатиот месец во Сирија се убиени вкупно 125 цивили меѓу кои 26 деца и 6 жени, а од кои повеќето од експлозии.
Војската и безбедносните сили на режимот на Бешар Асад убија вкупно 10 цивили од кои 2 жени, а Русија, поддржувачот на режимот измасакрира еден цивил.
Во областите под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК пак, се убиени 7 цивили од кои 2 деа.
Антирежимските вооружени групи станаа причина за смртта на тројца цивили, а воените опозициски групи на 7 цивили.
Од друга страна, во извештајот во којшто се прави анализа на убиените цивили по пат на измачување се истакнува дека се убиени вкупно 8 цивили од кои 7 мина од страна на Асадовиот режим и едно лице од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Во извештајот се привлекува внимание дека во експлозии реализирани од страна на неидентификувани страни животот го загубија вкупно 97 цивили меѓу кои се наоѓаат 22 деца и 3 жени.
Во извештајот на мрежата се додава дека бројот на загинатите поради измачување, напади, експлозии, судири и други причини реализирани од конфронтираните страни во Сирија во оваа година вклучувајќи го и месец мај, се зголеми на вкупно 910 лица.