Либиската армија напредува кон аеродромот во главниот град Триполи

Единиците на либиската армија армија започнаа операција за заземање на аеродромот во Триполи кој се наоѓа под окупација на милициските сили на Халифа Хафтар, лидерот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија

1426716
Либиската армија напредува кон аеродромот во главниот град Триполи
libya ordusu.jpg
libya.jpg

Либиската армија ја воспостави контролата во маалото Кајих во близина на аеродромот во Триполи кој се наоѓа под окупација на милициските сили лојални на Халифа Хафтар, лидерот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија.

Единиците на либиската армија започнаа операција за заземање на аеродромот во Триполи под окупација на милициските сили на Хафтар.

Топовските единици уништија 3 наоружани возила на милициските сили на Хафтар.

Безбедносни извори информираат дека армиските единици го исчистиле од милициските сили маалото ел-Кајих во близина на аеродромот во Триполи и дека пристигнале до аеродромот кадешто продолжуваат да се водат жестоки судири со милициските сили на Хафтар.

Од друга страна, за време на демонтирање на експлозивните направи од рачна изработка поставени од страна на милициските сили на Хафтар во цивилните населени места на југот на главниот град Триполи, се ранети 7 мина припадници на либиската армија.

Либиската армија во последно време фрлија потпис на бројни воени успеси против милициските сили лојални на Хафтар.

Армиските единици како последно на 25 мај исчистија од милициските сили на Хафтар една широка област во јужниот дел на главниот град Триполи кадешто се наоѓаат и воените кампови Хамза, Јермук и Ес-Саварих.

Милициските сили лојални на Халифа Хафтар, лидерот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија, на 4 април 2019 година започнаа напад за заземање на главниот град Триполи и ја вовлекоа земјата во спирала на насилство. Во изминатиот период досега беа реализирани напади врз голем број населени места во кои загинаа голем број цивили.

Милициските сили на 6 април 2019 година го окупираа аеродромот во главниот град Триполи.



Слични вести