Италија остро реагираше на неотварањето на границите на некои земји членки на ЕУ

Ако постапиме спротивно, тогаш ќе се изгуби духот на ЕУ и Европа ќе се распадне

1426612
Италија остро реагираше на неотварањето на границите на некои земји членки на ЕУ

Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Маио остро реагираше на неотварањето на границите на некои земји членки на ЕУ за Италија, по карантинот на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19)

Ди Маио во освртот на недоразбирањата во врска со повторното отворње на границите меѓу земјите членки на ЕУ по епидемијата на Ковид-19, остро ги критикуваше земјите кои не ги отворија своите граници за Италија, без посебно да именува некоја земја.

„Јас ја сфаќам конкурентноста меѓу државите. Акциите и реториките треба да бидат умерени. Ако одредени средини мислат дека кон нас можат да се однесуваат како кон земја под карантин, секако дека нема да останеме идниферентни наспроти ваквиот став. И стрпливоста има одредена мера“ порача Ди Маио.

Италијанскиот министер упати апел за единство и сплотеност до земјите членки на ЕУ и рече дека „сега е време да се даде поволен одговор на Европа во врска со отворањето на границите. Бидејќи доколку постапиме спротивно, тогаш ќе се изгуби духот на ЕУ и Европа ќе се распадне.“



Слични вести