Билансот на Ковид-19 во светот: Над 371 илјади смртни случаи

Бројот на заразените над 6 милиони 196  илјади, а на оздравените над 2 милиони 760 илјади лица

1426751
Билансот на Ковид-19 во светот: Над 371 илјади смртни случаи

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот изнесува над 371 500, на заразените над 6 милиони 196  илјади, а на оздравените над 2 милиони 760 илјади лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Соединетите Американски Држави (САД) која важи за седиште на епидемијата  во светот изнесува над 106 611 лица. Бројот на заразените изнесува 1 818 983 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Велика Британија која важи за седиште на епидемијата во Европа, во псоледните 24 часа се зголеми за 113 лица и изнесува над 38 936, додека бројот на заразените се зголеми за 1 936 и изнесува 274 762 пациенти.Министерот за култура Оливер Доуден рече дека почнувајќи од денес во земјата ќе започнат и спортските натпревари, но без гледачи.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Италија во последните 24 часа се зголеми за 111 и изнесува 33 340. Бројот на заразените со пад на 416 се намали на 232 664 пациенти. Бројот на активни случаи на Ковид-19 се намали за 2 484 и изнесува 43 691.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во болниците во Франција во последните 24 часа се зголеми за уште 57 и изнесува 28 771 лицае Бројот на заразените се зголеми за уште 1 828 и изнесува 225 898.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Шпанија се зголеми за 4 лица и вкупниот број изнесува 27 125. Бројот на заразените се зголеми за 271 и вкупно изнесува 239 228. Во меѓувреме и вчера продолжи недоследноста на бројките кои беа објавени од страна на автономните управи и Министерството за здравство.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Португалија изнесува 13, додека вкупниот број изнесува 1 396. Со утврдувањето на 1 396 новоинфектирани, вкупниот број на заразени се зголеми на 32 203.

Најголем број на смртни случаи од Ковид-19 во Латинска Америка се забележани во Бразил и изнесува 28 849, додека бројот на заразени изнесува 499 966.

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Мексико со раст од 364 се зголеми на 9 779, додека бројот на заразени се зголеми за 2 885 и изнесува 87 512.

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Канада изнесува 7 136, додека бројот на заразени изнесува 90 190. Федералниот министер за транспорт Марк Гарно истакна дека во рамките на преземените мерки против епидемијата на Ковид-19, забраната за влез на бродови со над 100 патници се продолжува до 21 октомври.

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Уругвај изнесува 22 лица. Тестот на уругвајскиот претседател Луис Лакале Поу по учеството на еден состанок на кој кај едно лице беше утврден Ковид-19, беше негативен но и покрај тоа се повлече во карантин.

Во продолжение да ги изнесеме бројките за смртните случаи во некои земји во светот.

Бројот на смртните случаи во Белгија изнесува 9 467, во Германија 5 956, во Шведска 4 395, во Перу 4 371, во Еквадор 3 334, во Швајцарија 1 919, во Ирска 1 651, во Полска 1 061, во Чиле 997, во Колумбија 890 и во Сингапур 23.



Слични вести