Биланост на Ковид-19 во светот: Над 370 илјади жртви

Бројот на заразените над 6 милиони 112  илјади, а на оздравените над 2 милиони 712 илјади лица

1426478
Биланост на Ковид-19 во светот: Над 370 илјади жртви

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот изнесува над 370 илјади, на заразените над 6 милиони 112  илјади, а на оздравените над 2 милиони 712 илјади лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Велика Британија која важи за седиште на епидемијата во Европа, се зголеми за 215 лица и изнесува над 38 376. Министерот за култура Оливер Доуден рече дека почнувајќи од денес во земјата ќе започнат и спортските натпревари, но без гледачи.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Италија во последните 24 часа се зголеми за 11 и изнесува 33 340. Бројот на заразените со пад на 416 се намали на 232 664 пациенти. Бројот на активни случаи на Ковид-19 се намали за 2 484 и изнесува 43 691.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во болниците во Франција во последните 24 часа се зголеми за уште 57 и изнесува 28 771 лицае Бројот на заразените се зголеми за уште 1 828 и изнесува 225 898.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Шпанија се зголеми за 4 лица и вкупниот број изнесува 27 125. Бројот на заразените се зголеми за 271 и вкупно изнесува 239 228. Во меѓувреме и вчера продолжи недоследноста на бројките кои беа објавени од страна на автономните управи и Министерството за здравство.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Португалија изнесува 13, додека вкупниот број изнесува 1 396. Со утврдувањето на 1 396 новоинфектирани, вкупниот број на заразени се зголеми на 32 203.



Слични вести