Трамп: Од денеска ги прекинуваме односите со Светската здравствена организација (СЗО)

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека САД ги прекинуваат своите односи со Светската здравствена организација (СЗО) за која рече дека не ги исполнила барањата на неговата земја за темелни реформи

1426026
Трамп: Од денеска ги прекинуваме односите со Светската здравствена организација (СЗО)

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа прес конференција во Белата куќа на која ги соопшти новите чекори коишто ќе бидат фрлени во односите со Кина.

Трамп истакна дека САД посакуваат да воспостават „јасна и блиска“ врска со Кина, но дека додека го прават тоа треба да ги одбранат своите национални интереси.

Тој соопшти дека Соединетите Американски Држави (САД) ги прекинуваат своите односи со Светската здравствена организација (СЗО) за која рече дека не ги исполнила барањата на неговата земја за темелни реформи.

Американскиот потпретседател Доналд Трамп рече: „Кинеската влада не ги исполни ветувањата коишто ги даде на нашата земја и на голем број други земји. Овие јасни вистини не можат да се испуштат од вид или да се остават настрана.“

Освет тоа Трамп, напомена дека САД сакаат да ја зачуваат и својата интелектуална сопственост и продолжи со следните зборови: „За подобра одбрана на значајните универзитетски истражувања на нашата земја го суспендираме влезот во земјата за некои странци кои доаѓаат од Кина која ја сметаме за потенцијална безбедносна закана.“

Доналд Трамп ја оцени за одговорна Кина и поради глобалната епидемија на новиот тип коронавирусот (Ковид-19) во врска со што го изнесе следното тврдење: „Кинеските власти не ги исполнија своите одговорности за известување на СЗО и вршеа притисок врз СЗО за да го заведат светот.“

„Кина има апсолутна доминација над СЗО. Додека САД на СЗО годишно и обезбедуваа речиси 450 милиони долари Кина плати само 40 милиони долари. Побаравме од СЗО да реализираат значајни реформи, но тие одбија да стапат во акција. Поради тоа што СЗО не ги реалиизра реформите од коишто постои значителна потреба ние денеска ја прекинуваме нашата врска со СЗО. Средствата кои и се обезбедуваат на оваа организација ќе ги префрлиме на итни глобални здравствени ситуации кои тоа го заслужуваат." - рече американскиот претседател Доналд Трамп.



Слични вести