Состојбата со Ковид-19 во источните земји: Индија ја остави зад себе Кина по бројот на починатите

Во Индија, која по бројот на смртните случаи ја остави зад себе Кина, изворната земја на Ковид-19, досега починаа 4.711 лица, а бројот на заразените од вирусот се зголеми на 165.799

1426028
Состојбата со Ковид-19 во источните земји: Индија ја остави зад себе Кина по бројот на починатите

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 367 илјади 550 лица, на случаите на зараза изнесува 6 милиони 66 илјади 680, а досега оздравеа и над 2 милиони 686 илјади 440 лица заболени од вирусот.

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Кина, изворната земја на глобалната епидемија, бројот на смртните случаи изнесува 4.634, на случаите на зараза 83 илјади, а оздравеа 78.302 пациенти. Во изминатите 24 часа се регистрирани 4 нови случаи на зараза, а нама потврдено смртни случаи.

Во Иран, бројот на смртните случаи се зголеми на 7.734, на случаите на зараза на 148.950 лица, оздравеа 116.827. Донесена е одлука од денеска (вчера) да бидат повторно отворени џамиите коишто во рамките на мерките против коронавирусот пред 3 месеци беа затворени за верски обред (ибадет), како и да бидат укинати ограничувањата за трговските центри. Иранскиот претседател Хасан Рухани истакна дека олабавувањето на мерките не значи дека е намалена опасноста и дека враќањето назад во услови пред епидемијата ќе одземе време. „Народот треба да знае дека во блиско време не можеме да се вратиме во услови пред коронавирусот.“ - рече Рухани.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 4.374 лица, на случаите на зараза се зголеми на вкупно 387.623, а досега оздравеа приближно 160 илјади лица.

Во Индија, која по бројот на смртните случаи ја остави зад себе Кина, во изминатите 24 часа еден ден по завршувањето на забраната за излегување на улица којашто трае 2 месеци, со раст за 265 лица бројот на смртните случаи се зголеми на 4.981, а бројот на заразените од вирусот со раст за 7.964 се искачи на 174.020. Премиерот Нарендра Моди истакна дека земјата е на пат на победа во борбата против вирусот.

Во Пакистан, бројот на починатите се зголеми на 1.395, а на случаите на зараза со раст на 66.457 лица. Во рамките на преземените мерки против Ковид-19 од синоќа е укината забраната за меѓународен превоз која што се спроведува од 21 март наваму.

Во Авганистан, досега од Ковид-19 починаа 249 лица, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 14.525.

Во Јужна Кореја, е евидентиран нов раст во бројот на регистрираните случаи на зараза од коронавирусот поради што повторно се затворени повеќе од 500 училишта кои пред извесно време беа отворени. Министерот за здравство Парк Неунг-ху истакна дека повторно се затворени за 2 недели парковите во главниот град Сеул и во околните градови, уметничките галерии, музеитеи театрите. Во Јужна Кореја досега од Ковид-19 починаа 269, а бројот на случаите на зараза изнесува над 11.344 лица.

На Филипините, претседателот Родриго Дутерте истакна дека почнувајќи од понеделникот ќе бидат олабавени мерките за карантин коишто 2 месеци како се спроведуваат во главниот град Манила. Според новата примена, ќе бидат отворени некои работни места и повторно ќе започне колективниот превоз. Мерките како што се зачувување на физичкото растојание и носење маска продолжуваат, додека училиштата засега нема да бидат отворени.

Во Ирак, бројот на смртните случаи од Ковид-19 изнесува 185 лица, бројот на случаите на зараза достигна до 5.873. Поради растот на бројот на случаите на зараза ќе се применува еднонеделна забрана за излегување на улица. 

Бројот на смртните случаи во некои други земји е вака: Индонезија 1.573, Египет 879, Украина 696, Јужна Африка 611, Бангладеш 610, Саудиска Арабија 458, Обединетите Арапски Емирати 260, Кувајт 194, Малезија 115, Јемен 65, Катар 36, Сингапур 23, Либија 5.

 



Слични вести