Твитер прекри објава на Трамп, со предупредување за величање на насилството

Социјалната мрежа Твитер со поставување на забелешка со предупредување го прекри постот на американскиот претседател Доналд Трамп поради тоа што го прекршил правилото со кое се забранува величањето на насилството

1425887
Твитер прекри објава на Трамп, со предупредување за величање на насилството

Социјалната мрежа Твитер со поставување на забелешка со предупредување ја прекри објавата на американскиот претседател Доналд Трамп што ја сподели во врска со протестите коишто започнаа по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд за време на приведувањето од страна на полицијата во градот Минеаполис во Соединетите Американски Држави (САД).

Во забелешката со предупредување со којашто се попречува директното прикажување на пораката на страницата со проток и е додадено копче „Покажи“, е напишано следното: „Овој пост ги прекршува правилата на Твитер за величање на насилството, меѓутоа Твитер одлучи дека во интерес на јавноста е да остане достапен.“

Твитот на американскиот претседател Доналд Трамп не беше отстранет, туку беше покриен со предупредување и може да се види кога ќе се кликне.

Инаку, Трамп во постот во врска со немирите во Минеаполис напиша: „Овие разбојници (демонстранти) го обесчестуваат споменот на Џорџ Флојд и Јас нема да го дозволам тоа. Пред малку разговарав со гувернерот на Минесота Тим Волц и реков дека војската секако е со него на тој пат. Сите потешкотии ќе се обидеме да ги контролираме, но кога ќе почнат грабежите, ќе почне и пукањето. Ви благодарам.“

Инаку, 46 годишниот Џорџ Флојд (Афроамериканец) кој прексиноќа под сомнение за измама беше приведен од страна на полицијата во Минеаполис, со минути го молеше полицаецот (белец) застанат со колено на неговиот врат велејќи „Не можам да дишам!“

Потоа беше истакнато дека Флојд кој од страна на екипите за итна помош кои дошле на местото на настанот беше префрлен во болница, починал, додека граѓаните, случајни минувачи кои го снимиле настанот со своите мобилни телефони потоа овие снимки ги споделиле преку социјалните медиуми.

Овие трогателни снимки повторно ги разгореа дискусиите во врска со полициското насилство над припадниците на црната раса во САД и доведоа до одржување на протести во голем број градови, а пред се во Минеаполис.



Слични вести