Русија му испрати нови платеници од Сирија на пучистот Хафтар во Либија

Русија постигнувајќи договор со посредство на соработниците на сирискиот режим во областите Закије и Кисве во главниот град Дамаск испрати во Либија 150 Сиријци на кои месечно ќе им се плаќа по 1.000 до 1.500 долари за да војуваат во редовите на Хафтар

1425745
Русија му испрати нови платеници од Сирија на пучистот Хафтар во Либија

Русија испрати во Либија 150 платеници кои живеат во сирискиот главен град Дамаск кој се наоѓа под контрола на режимот на Бешар Асад, а со цел да војуваат во редовите на пучистот Халифа Хафтар, лидерот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија.

Според добиени информации од локални извори, Русија постигнувајќи договор со посредство на соработниците на сирискиот режим во областите Закије и Кисве во главниот град Дамаск испрати во Либија 150 Сиријци на кои месечно ќе им се плаќа по 1.000 до 1.500 долари за да војуваат во редовите на Хафтар.

Платениците лојални на сирискиот режим прд да се приклучат во редовите на Хафтар беа однесени во рускиот воен аеродром Хмејмим во Латакија.

Инаку, Русија и пред приближно 10 дена исто така испрати во Либија 600 платеници од градот Хомс во централниот дел на Сирија, а на почетокот на овој месец испрати стотици платеници и од други различни области на Сирија. 

Во редовите на Халифа Хафтар, лидерот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија, има голем број странски борци како што се милициски сили платеници „Џавидан“ од Судан и припадници на бунтовничките групи од Чад.



Слични вести