Билансот на Ковид-19 во светот: Над 360 илјади смртни случаи

Бројот на заразените над 5 милиони 860  илјади, а на оздравените над 2 милиони 450 илјади лица

1425325
Билансот на Ковид-19 во светот: Над 360 илјади смртни случаи

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот изнесува над 350 илјади, на заразените над 5 милиони 860  илјади, а на оздравените над 2 милиони 450 илјади лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Соединетите Американски Држави (САД) која важи за седиште на епидемијата  во светот, во последните 24 часа изнесува над 102 илјади лица. Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио рече дека втората недела на идниот месец се подготвуваат да преминат кон втората фаза на нормализирање. Во оваа фаза ќе започне производството, градежните активности, продажбата на големо и мало, а исто така се предвидува враќање на вработените во работните места со капацитет од 200 до 400 вработени.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Велика Британија која важи за седиште на епидемијата во Европа, за замо еден ден се зголеми за 377 лица и изнесува над 37 илјади 887. Во рамките на олабавувањето на мерките од 1 јуни се предвидува да се даде одобрение на средба на луѓето максимум со 6 лица дневно согласно преземените мерки за одржувње на физичката дистанца. Премиерот Борис Џонсон на прес конференцијата рече дека почнувајќи од истиот датум се предвидува да се отворат градинките и забавиштата, постои можност учениците од прво до шесто одделение да се вратат на училиште, додека учениците од шесто одделение па натаму ќе можат да одат на училиште од 15 јуни.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Италија во последните 24 часа се зголеми за 70 и изнесува 33 142. Бројот на заразените со пад на 593 се намали на 231 732 пациенти.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во болниците во Франција во последните 24 часа се зголеми за уште 66 и изнесува 28 662 лица. Бројот на заразените се зголеми за уште 3 325 и изнесува 223 473. Премиерот Едуар Филип најави дека почнувајќи од 2 јуни во земјата ќе се отворат базените, спортските и театарски сали, кафетериите, баровите и рестораните, а исто така ќе се укине и забраната за движење до 100 км од дома. Министерот за образование Жан-Мишел Бланкер рече дека почнувајќи од 2 јуни постепено ќе се отворат сите училишта во земјата.

Министерството за здравство на Шпанија соопшти дека бројот на смртните случаи од Ковид-19 во земјата во последните 24 часа се зголеми за едно лице и вкупниот број изнесува 27 119. Бројот на заразените се зголеми за 1 137 и вкупно изнесува 237 906. Во меѓувреме и вчера продолжи недоследноста на бројките кои беа објавени од страна на автономните управи и Министерството за здравство.



Слични вести