Прва заедничка американско-руска патрола во Хасеке, во североисточниот дел на Сирија

Според добиени информации од локални извори, оклопни воени возила на САД и Русија реализираа заедничка воена патрола во Деир Гусун во подрачјето на Хасеке во близина на границата со Турција

1425031
Прва заедничка американско-руска патрола во Хасеке, во североисточниот дел на Сирија

Соединетите Американски Држави (САД) и Русија за прв пат реализираа заедничка патрола во подрачјето на градот Хасеке во североисточниот дел на Сирија, којшто се наоѓа под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Според добиени информации од локални извори, оклопни воени возила на САД и Русија се сретнаа во Деир Гусун во подрачјето на Хасеке во близина на границата со Турција.

Од почетокот на оваа година војниците на САД низ апати им го пресекоа патот на руските воени возила кои се обидуваа да преминат во областа Румејлан кадешто се наоѓаат нафтените полиња во североисточниот дел на Хасеке и притоа руските војници беа принудени да се вратат назад.

На почетокот на овојмесец пак, руските војници за прв пат се одмаздија со тоа што ги сопреа американските војници кои сакаа да преминат во центарот на градчето Камишли кое се наоѓа под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК, и овојпат силите на САД мораа да се вратат во Румејлан.

Од друга страна, силите на САД во близина на лежиштето на природен гас Конико во градот Деир ез-Зор во источниот дел на Сирија, кое се наоѓа под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК, распоредија противвоздушно одбранбен систем со ниска надморска височина.

Локални извори истакнуваат дека силите на САД и во наредните денови планираат да распоредат сличен противвоздушно одбранбен систем во близина и на нафтеното лежиште Омер.

Полковник Мајлс Б. Кегинс, портпаролот на меѓународната коалиција под водство на САД во објавеното соопштение на својот профил на Твитер истакна дека во Сирија нема противвоздушно одбранбени ракетни системи Патриот и дека вестите коишто се објавуваат во оваа насока се невистинити.

Во меѓувреме, силите на САД продолжуваат со испраќање нови војници и опрема во базите и воените пунктови во подрачјето на градот Деир ез-Зор.

САД во текот на минатиот месец испратија дополнително оружје, муниција и логистички материјали со стотици камиони шлепери во областите под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК кадешто се наооѓаат лежиштата со нафта и природен гас.

Инаку, по започнување на операцијата Извор на мирот од страна на Турските вооружени сили силите на САД се повлекоа од северниот дел на Сирија и се распоредија во областите со лежишта со нафта и природен гас во подрачјата на Хасеке, Рака и Деир ез-Зор.

Моментално силите на САД кои ја поддржуваат терористичката организација ЈПГ/ПКК во наведените подрачја се распоредени во 11 бази и воени пунктови.



Слични вести