Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот во изминатите 24 часа

На прво место со над 102 илјади 197 смртни случаи и над 1 милион 747 случаи на зараза понатаму се наоѓаат Соединетите Американски Држави (САД) кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот

1424635
Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот во изминатите 24 часа
dünya-korona virusu_02.jpg
abd koronavirus.jpg
abd koronavirus.jpg
abd kovid.jpg
abd virüs süper.jpg
SÜPER abd koronavirüs.jpg
abd koronavirus.jpg
corona-abd.jpg
abd korona.jpg
Koronavirüs ABD New York Wall Street.jpg
koronavirüs ABD New York.jpg
new york süperhaber.jpg
covid-19 new york
new york mobil morg donduruculu kamyon korona 3
ingiltere koronavirüs.jpg
ingiltere yasaklar gevşeme.jpg
SÜPER FOTO KORONA İNGİLTERE.1.jpg
süPER FOTO KORONA İTALYA 2.jpg
koronavirüs İtalya.jpg
italya sosyal mesafe.jpg
SÜPER FOTO ispanya koronavirüs.jpg
super ispanya covid-19
SüPER FOTO KORONA İSPANYA.6.jpg
SüPER FOTO KORONA İSPANYA.3.jpg
ispanya koronavirüs.jpg
süPER FOTO KORONA FRANSA.2.jpg
fransa koronavirüs paris.jpg
brezilya kovid.jpg
koronavirüs Brezilya.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 358 илјади 178 лица, на случаите на зараза се зголеми над 5 милиони 824 илјада, а на оздравените достигна до 2 милиони 523 илјади заболени пациенти од вирусот.

На прво место според човечките загуби и регистрираните случаи на зараза понатаму се наоѓаат Соединетите Американски Држави (САД) кои продолжуваат да важат за епицентар на пандемијата во светот. Бројот на починатите од Ковид-19 во САД надмина 102 илјади 197, на случаите на зараза се зголеми на 1 милион 747 илјади, а досега оздравеа и приближно 485 илјади лица. Во главниот град Вашингтон DC во петокот (утре) престанува издадената директива „Остани дома“ којашто е прогласена за борба против коронавирусот.

Американскиот претседател Доналд Трамп, надминувањето на бројката од 100 илјади на бројот на смртните случаи поради коронавирусот во земјата го окарактеризира како „жалосна пресвртница“. Трамп во споделената објава на својот профил на Твитер во врска со ова прашање напиша: „Во епидемијата, со 100 илјади човечки загуби достигнавме до една доста жалосна пресвртница.“ Американскиот претседател го изрази своето сочувство до семејствата и блиските на починатите и во својата споделена објава напиша: „Бог нека биде со вас.“ Од друга страна пак, во една спроведена анкета во САД се покажа дека дури и да би била пронајдена вакцината против Ковид-19 повеќе од половината од Американците се воздржани по прашањето на користењето на вакцината.

Во Велика Британија, епицентарот на глобалната епидемија во Европа, со раст за уште 412 смртни случи бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 37.460 лица, а на регистрираните случаи на зараза со раст за уште 2.013 новозаразени се искачи на 267.240 лица. Британскиот министер за здравство Мет Ханкок истакна дека е активиран системот за следење на контакти за кој наведе дека ќе го претставува најзначајниот дел од новата фаза во борбата против епидемијата. Министерот Ханкок рече дека во рамките на системот ќе се воспостави контакт со лицата кои споделуваат ист простор на живеење (ист дом) или кои на растојание помало од 2 метри останале подолго од 15 минути со лица кои имаат позитивен тест на Ковид-19, по што ќе се посака од овие лица да се стават себе си во 14 дневна домашна изолација. Британската влада во системот за следење на контакти вработи 25 илјади лица.

Во Италија, бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со раст за уште 117 лица во изминатите 24 часа се зголеми на вкупно 33.072, додека бројот на активни случаи се намали за 1.976 лица и опадна на 50.966. Вкупниот број на случаите на зараза во Италија изнесува 231.139, а досега оздравеа 147.101 лице.

Во Франција, во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 66 лица и на тој начин вкупниот број на смртни случаи се искачи на 28.596. Бројот на регистрираните случаи на зараза пак, со раст за 191 лице се зголеми на вкупно 220.148. Од друга страна, француското Национално Собрание ја одобри употребата на мобилната апликација во рамките на борбата против Ковид-19 со којашто се има за цел дигитално следење на заболените пациенти и нивните контакти. Како што се истакнува, оние кои сакаат заклучно со викендот можат да ја инсталираат на своите умни мобилни телефони апликацијата по име „StopCovid“. Пратеникот на централно-десничарската Републиканска партија (LR) Клод Гоаскуен (75) го загуби животот од Ковид-19.

Во Шпанија Министерството за здравство соопшти дека во последниот ден поради Ковид-19 почина едно лице со што бројот на смртните случаи се искачи на вкупно 27.118, додека бројот на случаите на зараза со раст за 231 лица се зголеми на 236.769, а оздравеа 150.376.

Во Белгија, животот го загубија 9.388 лица, а бројот на случаите на зараза изнесува 57.849.

Во Холандија, бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 час се зголеми за 32 лица и достигна до 5.903, а на случаите на зараза со раст за 182 лица се искачи на 45.950. Холандскиот премиер Марк Руте информира дека наместо претходно соопштениот датум 1 септември сите спортски објекти можат да бидат отворени почнувајќи од 1 јули, а како што напомена доколку втората фаза помине успешно.

Во Канада, во изминатите 24 часа од коронавирусот починаа уште 221 лице со што вкупниот број на смртните случаи се зголеми на 6.858. Според податоците на Федералното министерство за здравство, бројот на случаите на зараза во Канада во изминатите 24 часа со раст за уште 1.808 новозаразени се искачи на вкупно 87.519 лица.

Во Мексико, бројот на починатите од Ковид-19 во изминатите 24 часа со раст за уште 463 лица се зголеми на 8.597, а бројот на случаите на зараза со раст од 3.463 лица достигна до 78.023. Претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор соопшти дека од наредната недела ќе ја започне својата програма за патување.

Во Ел Салвадор, досега се регистрирани 37 смртни случаи и 2.109 случаи на зараза. Претседателот Најип Букеле соопшти дека го користел лекот хидроксиклорокин кој се користи во лекувањето на новиот тип коронавирус (Ковид-19), а чие тестирање од страна на Светската здравствена организација (СЗО) е суспендирано.

Во латиноамериканската држава Бразил, која е втора најмногу погодена земја во светот, по САД, бројот на случаите на зараза се зголеми на 414.661 лице, на починатите на 25.697, а досега оздравеа вкупно 166.647 лица.

Во Австралија, кадешто има 645 смртни случаи и 16.591 регистриран случај на зараза, постепено почнаа да се олабавуваат преземените превентивни мерки во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19). Согласно тоа почнувајќи од оваа недела џума намазот (петочната молитва) утре ќе може да се клања во џамија.

Во Северна Македонија, од Ковид-19 досега починаа 122 лица, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 2.077. Од денеска по пауза од приближно 2 месеци повторно се отворени рестораните и кафулињата.

Во Србија, животот го загубија 241 лице, а 11.300 се заразени од вирусот. Денеска во Србија пристигна и испратената медицинска помош од страна на Агенцијата за развој на Австрија. Српскиот министер за здравство Златибор Лончар нагласи дека епидемијата е ставена под контрола во земјата и рече дека се подготвени и за евентуалниот втор бран.

Во Хрвтска, бројот на смртните случаи од епидемијата изнесува 102, а на случаите на зараза 2.245. Премиерот Андреј Пленковиќ истакна дека според статистичките податоци од епидемијата е донесена одлука за отворање на границите за граѓаните на земјите кои се наоѓаат во слична состојба и го рече следното: „Ги отвораме нашите врати за туризмот. Земји за кои ги отвораме нашите граници се Словенија, Унгарија, Австрија, Чешка, Словачка, Естонија, Литванија, Летонија, Полска и Германија.“

Во Босна и Херцеговина, има 153 починати и 2.462 случаи на зараза од Ковид-19. Денеска повторно се отворени трговските центри кои 70 дена како се затворени во земјата.

Во Косово, животот го загубија 30 лица, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 1.047. Денеска повторно се отворени за верски обред (ибадет, клањање) џамиите кои од 14 март се затворени за колективно клањање.

Во Црна Гора, бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) изнесува 9, а на случаите на зараза 324. Од 1 јуни ќе бидат отворени границите на земјата за туристите од некои европски земји.



Слични вести