Американскиот претседател Трамп со закана против социјалните медиуми за нивно затворање

Откако Твитер објави предупредување во врска со пораката на американскиот претседател Доналд Трамп во која тврдеше дека гласачките ливчиња испратени по пошта се обид за изборна измама, Трамп се закани дека ќе ги затвори социјалните медиуми

1424693
Американскиот претседател Трамп со закана против социјалните медиуми за нивно затворање

Американскиот претседател Доналд Трамп по дискусијата предизвикана од Хаштагот „потврди ја информацијата“ којашто ја доживеа со социјалната мрежа Твитер во својата објава што ја сподели исто така на Твитер им се закани на социјалните медиуми.

Трамп соопшти дека ќе бидат направени законски уредувања по прашањето на платформите на социјалните медиуми или истите ќе бидат затворени, а во врска со кои застана во одбрана на тоа дека интервенираат на изборите. 

Велејќи дека платформите на социјалните медиуми се обидоа да влијаат на изборите во 2016 година, дека беа неуспешни во тоа и дека водат слични обиди и во врска со изборите во 2020 година, Трамп рече: „Републиканците сметаат дека платформите на социјалните медиуми целосно ги замолкнуваат гласовите на конзервативците. Ние остро ќе ги регулираме или ќе ги затвориме, пред да дозволиме тоа да се случи.“ 

Инаку, Твитер на некои твитови коишто ги сподели американскиот претседател Доналд Трамп го додаде Хаштагот „потврди ја информацијата“ и ги повика корисниците да ги проверат податоците во твитовите на Трамп предупредувајќи притоа дека неговите тврдења врска со гласањето по пошта се покажале невистинити.

Твитер приложи и линкови до информации кои се спротивни на оние кои ги објави американскиот претседател Трамп.

 

 



Слични вести