Руски авиони од типот Су-35 го провоцираа американскиот авион во Источниот Медитеран

Руските пилоти се доближија до крилата на авионот П-8А и поради небезбдното и непрофесионално попречување беше ограничена способоста на маневрирање на П-8А

1424232
Руски авиони од типот Су-35 го провоцираа американскиот авион во Источниот Медитеран

Руски авиони од типот Су-35 го провоцираа американскиот извиднички авион од типот П-8А во Источниот Медитеран.

Во соопштението кое беше објавено од страна на американската морнарица беше истакнато дека Русија по трет пат ги провоцира американските извиднички авиони на Шетстата флота.

Американскиот извиднички авион П-8А на 26 мај 2020 го надлетуваше меѓународниот воздушен простор над Источниот Медитеран и 65 минути беше попречуван од страна на два руски авиони од типот Су-35. Руските пилоти се доближија до крилата на авионот П-8А и поради небезбдното и непрофесионално попречување беше ограничена способоста на маневрирање на П-8А.

Руските авиони исто така летаа над меѓународниот воздушен простор. Попречувањето беше неодговорно, беше истакнато во соопштението.

Во април, руските авиони двапати ги попречија американските извиднички авиони.



Слични вести