Билансот на Ковид-19 во светот: „Над 350 илјади смртни случаи“

Бројот на заразените во светот изнесува над 5 милиони 650  илјади, а на оздравените над 2 милиони 450 илјади лица

1424037
Билансот на Ковид-19 во светот: „Над 350 илјади смртни случаи“

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот изнесува над 350 илјади, на заразените над 5 милиони 650  илјади, а на оздравените над 2 милиони 450 илјади лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Соединетите Американси Држави (САД) која важи за седиште на епидемијата  во светот, во последните 24 часа изнесува над 100 илјади. Бројот на заразените изнесува над 1 милион 710 илјади. Граѓаните беа предупредени да бидат повнимателни на свеченото одбележување на Меморијалниот ден за викендот, бидејќи постои можност да дојде до зголемување на бројката на заразените.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Велика Британија која важи за седиште на епидемијата во Европа изнесува над 37 илјади, додека според некои тврдења оваа бројка изнесува над 47 343. Во соопштението на Националниот иститут за статистика беше истакнато дека бројот на смртните случаи до 23 мај на чии смртовници пишува дека умреле од Ковид-19 изнесува 47 343.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Италија во последните 24 часа се зголеми за 78 и изнесува 32 955. Бројот на заразените со пад од 2 358 се намали на 52 924 пациенти.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Франција во последните 24 часа се зголеми за уште 83,на смртните случаи во домовите за старци, оваа бројка се зголеми на 28 530 лица. Бројот на заразенте се зголеми за уште 520 и изнесува 219 957.

Министерството за здравство на Шпанија соопшти дека бројот на смртните случаи од Ковид-19 во земјата во последните 24 часа изнесува 28 752 лица, додека претходниот ден оваа бројка беше намалена на 26 834. Министерството за здравство соопшти дека во последните 7 дена умреле 35 лица, така што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 27 117. Во основата на недоследноста на бројките лежи (не)потврдувањето на сомнителните смртни случаи и недоразбирањата меѓу автономната управа и централната власт. Од друга страна пак, во чест на загинатите во земјата поради Ковид-19, почнувајќи од денес знамињата 10 дена ќе бидат симнати на половина јарбол.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Холандија изнесува 5 856, додека на заразените се зголеми за 10 и изнесува 11 690.



Слични вести