Билансот на Ковид-19 во источните и неразвиени земји во светот

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Белорусија се зголеми за уште 4 и изнесува 208

1424078
Билансот на Ковид-19 во источните и неразвиени земји во светот

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот изнесува над 350 илјади, на заразените над 5 милиони 650  илјади, а на оздравените над 2 милиони 450 илјади лица.

Во Мозамбик регистриран првиот смртен случај од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19). Во земјата умре едно 13 годишно дете, додека голема загриженост предизвикува податојот дека над половина од 209 заразенисе деца под 14 годишна возраст.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Белорусија се зголеми за уште 4 и изнесува 208, додека бројот на заразените се зголеми за уште 915 и изнесува 38 059.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Азербејџан се зголеми на 52, додека бројот на заразените со раст од 132 изнесува 4 403.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Казахстан изнесува 35, додека на заразените 8 969. И натаму продолжува карантинот во оваа земја.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Узбекистан изнесува 213, додека на азаразните со раст од 20 се зголеми на 3 281. Претседателот Шевкет Мирзивојев рече дека над половина од заразените биле лица кои се вратиле од странство.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Таџикистан изнесува 47, додека број на заразените со раст од 166 се зголеми на 3 266.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Молдавија со раст од 3 лица, од кои еден здравствен работник, изнесува 268, додека бројот на заразените со раст од 158 се зголеми на 7 305. Седум од заразените беа утврдени во Автономната Област Гагаузија.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Украина изнесува 644. Од 30 мај во земјата беше дадено одобение да се одиграат натпреварите на Премиер лигата и Куповите. Во соопштението кое беше објавено од страна на властите се истакнува дека почнувајќи од 10 јуни ќе се отворат рестораните и кафетериите.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Египет се зголеми на 797, во Алжир на 617, во Ирак на 169.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Јордан изнесува 9, додека со раст од 7 заразени, вкупниот број на заразени изнесува 718.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Либија изнесува 3, додека со раст од 2 заразени, вкупниот број на заразени изнесува 77.



Слични вести