Убиен т.н. водач на терористичката организација ДЕАШ одговорен за Ирак Џубури

Од Единицата за борба против тероризмот на Ирак е соопштено дека во реализирана операција е убиен Мутаз ал-Џубури, таканаречениот емир на терористичката организација ДЕАШ во Ирак и заменик на водачот на терористичката организација

1423792
Убиен т.н. водач на терористичката организација ДЕАШ одговорен за Ирак Џубури

Како што е истакнато убиен е таканаречениот водач на терористичката организација ДЕАШ одговорен за Ирак .

Во објавеното писмено соопштение од Единицата за борба против тероризмот на Ирак е соопштено дека во реализирана операција е убиен Мутаз ал-Џубури, таканаречениот емир на терористичката организација ДЕАШ во Ирак и заменик на водачот на терористичката организација.

Во соопштението се истакнува дека Џубури е убиен во реализирана операција со воени авиони на меѓународните коалициски сили во руралното подрачје на Деир ез-Зор во Сирија.

Ирачката централна Влада претходно на 20 мај соопшти дека е фатен Абдулнасир Кардаш, чие име беше споменувано меѓу наследниците на убиениот водач на терористичката организација ДЕАШ Ебубекир Багдади.

Багдади беше убиен во реализирана операција од страна на Соединетите Американски Држави (САД) на 27 октомври 2019 година во руралното подрачје на градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија.



Слични вести