Состојбата со Ковид-19 во светот: Починаа приближно 350 илјади лица, над 5,5 милиони се инфектирани

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД се зголеми на 99.847, во Велика Британија на 37.048, Италија 32.877, Франција 28.432, Шпанија 26.837, Бразил 23.522, Белгија 9.334, Германија 8.428, Мексико 7.633, Канада 6.637, Холандија 5.856, Шведска 4.029

1423462
Состојбата со Ковид-19 во светот: Починаа приближно 350 илјади лица, над 5,5 милиони се инфектирани
dünya-korona virusu_02.jpg
SÜPER abd koronavirüs.jpg
abd koronavirus.jpg
kovid abd.jpg
abd kovid.JPG
koronavirüs ABD New York.jpg
Koronavirüs ABD New York Wall Street.jpg
new york süperhaber.jpg
new york mobil morg donduruculu kamyon korona 3
ingiltere koronavirüs.jpg
SÜPER FOTO KORONA İNGİLTERE.1.jpg
ingiltere yasaklar gevşeme.jpg
süPER FOTO KORONA İTALYA 2.jpg
super italya covid-19
italya sosyal mesafe.jpg
koronavirüs İtalya.jpg
Koronavirüs İtalya Milano.jpg
super ispanya covid-19
SüPER FOTO KORONA İSPANYA.6.jpg
SüPER FOTO KORONA İSPANYA.3.jpg
ispanya koronavirüs.jpg
fransa kovid.jpg
süPER FOTO KORONA FRANSA.2.jpg
fransa maske.jpg
fransa koronavirüs paris.jpg
brezilya kovid.jpg
koronavirüs Brezilya.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 348 илјади 700 лица, на случаите на зараза се зголеми на 5 милиони 618 илјади 700, додека бројот на оздравените заболени пациенти изнесува над 2 милион 393 илјади 500 лица.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на починатите од Ковид-19 достигна до 99.847 лица, на случаите на зараза се зголеми на 1 милион 708 илјади 473, а досега оздравеа над 460 илјади лица. 

Во Велика Британија, епицентарот на глобалната епидемија во Европа, во изминатите 24 часа се потврдени уште 134 смртни случи со што бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 37.048 лица, а на регистрираните случаи на зараза со раст за уште 1.625 новозаразени се искачи на вкупно 261.184 лица. Британскиот премиер Борис Џонсон соопшти дека се планира од 1 јуни да се дозволи повторно да бидат отворени пазарите под отворено небо, а од 15 јуни да бидат отворени и сите продавници на мало во земјата.

Во Италија, бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 32.877, вкупниот број на регистрираните случаи на зараза достигна до 230.158, а досега оздравеа 141.981 заболено лице од вирусот. Италијанскиот министер за надворшени работи Луиџи Ди Мајо беше гостин во програмата на телевизискиот канал „РАИ“ кадешто истакна дека датумот 15 јуни е значаен за туристичкиот сектор во Европа и рече: „15 ден е датумот на спас за туризмот во Европа. Сите заедно работиме Европа повторно да стапи во акција.“

Во Франција, со смртта на 65 лица во изминатите 24 часа бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 28.432, а на регистрираните случаи на зараза со раст за 358 лица, се искачи на вкупно 219.437.

Во Шпанија Министерството за здравство бројот на смртните случаи од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) досега го намали за приближно 2 илјади лица и го ревидира на 26.837. Министерството за прв пат не сподели податоци во врска бројот на починатите во изминатите 24 часа и соопшти дека заедно со регистрирани 132 новозаразени бројот на случаите на зараза се зголеми на 235.400 лица. Во меѓувреме, во главниот град Мадрид здравствениот персонал одржа протест против условите на работа. Во Шпанија од коронавирусот се заразени повеќе од 50 илјади здравствени работници од кои 76 го загубија животот.

Во Грција, со намалување на бројот на смртните случаи и на случаите на зараза постепено се олабавуваат превентивните мерки и се ставаат во примена плановите за нормализација. Во тие рмаки во земјата се отворени кафетериите и рестораните кои се затворени веќе 2 месеци.

Во Канада, бројот на смртните случаи изнесува 6.637, а на случаите на зараза 85.711 лица.

Во Белгија, бројот на починатите се зголеми на 9.334, а на случаите на зараза со раст за уште 198 лица во изминатите 24 часа, се искачи на вкупно 57.455. Во период кога продолжува процесот на нормализација во земјата, во објавеното соопштение од Сервисот за јавно здравје на Белгија се укажува на тоа дека доколку повторно дојде до раст во бројот на случаите на зараза би можеле да се применуваат политики на изолација за втор бран. 

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои други европски и западни земји е вака: Бразил 23.522, Германија 8.428, Мексико 7.633, Холандија 5.856, Шведска 4.029, Перу 3.629, Еквадор 3.203, Швајцарија 1.913, Ирска 1.606, Португалија 1.330, Полска 1.007, Чиле 761, Колумбија 750.

Во меѓувреме, Светската здравствена организација (СЗО) го сопре тестирањето на лекот хидроксихлорокин, инаку лек против маларија, којшто се користи кај пациенти заразени од новиот тип коронавирус (Ковид-19).

 



Слични вести