Состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји и Азија и Африка

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка

1423466
Состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји и Азија и Африка
arap ulkeleri koronavirus.jpg
arap ulkeleri kovid.jpg
afrika.jpg
koronavirüs afrika.jpg
super covid 19 guney afrika
guney afrika cmh. korona.jpg
Güney Afrika.jpg
afrika kovid.jpg
SÜPER FOTO KORONA RUSYA 1..jpg
rusya koronavirüs.jpg
SÜPER FOTO KORONA RUSYA 2..jpg
rusya korona.jpg
hindistan kovid.jpg
super covid-19 hindistan.jpg
iran kovid.jpg
iran-virus.jpg
iran-corona.jpg
covid-19 guney kore.jpg
koronavirüs Güney Kore 01.jpg
g.kore.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 348 илјади 700 лица, на случаите на зараза се зголеми на 5 милиони 618 илјади 700, додека бројот на оздравените заболени пациенти изнесува над 2 милион 393 илјади 500 лица.

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Иран, во изиминатите 24 часа починаа уште 57 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 7.508, а бројот на случаите на зараза достигна до 139.511 лица.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 3.807 лица, на случаите на зараза се со раст за уште 8.915 новозаразени се зголеми на вкупно 362.342, а досега оздравеа над 120 илјади лица.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков е отпуштен од болница кадешто се наоѓаше на лекување од Ковид-19. Рускиот премиер Михаил Мишустин побара од руските граѓани да не брзаат по прашањето на заминување на одмор во странство.

Рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека епидемијата на Ковид-19 го помина пикот во земјата и информира дека воените паради по повод 9 мај Денот на победата одбележувањето на 75. годишнината од извојуваната победа од страна на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија, на целата територија на Русија ќе се одржи на 24 јуни. Инаку, церемониите по повод Денот на победата коишто се одржуваат секоја година на 9 мај беа одложени поради епидемијата на коронавирусот. 

Во Украина, бројот на починатите изнесува 644 лица, а на случаите на зараза се искачи на 21.584. Освен тоа, во Вооружените сили на Украина кадешто досега животот го загубија 2 лица се регистрирани 60 заразени од Ковид-19, 96 оздравеа, а 261 лице се наоѓаат во карантин.

Во јужноазиската држава Бангладеш, бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) изнесува 501 лице. Во изминатите 24 часа со рекорден раст од регистрирани 1.975 нови случаи на зараза бројот на инфектираните од вирусот се зголеми на 35.585 лица.

Во Јужна Кореја, од коронавирусот животот го загубија 267 лиџа, а се регистрирани 3.353 случаи на зараза. Соопштено е дека за заштита од епидемијата е задолжително носење маска во сите возила за градски превоз во градовите, во такси возилата и за патниците на домашни и меѓународни воздушни летови.

Во Индија, кадешто постои застрашувачки раст во бројот на инфектираните од Ковид-19 бројот на смртните случаи се зголеми на 4.172, а на случаите на зараза на 145.380. Досега оздравеа 60.491 лице.

Во Саудиска Арабија, бројот на починатите се зголеми на 390 лица, а на случаите на зараза на 72.560.

Во Кувајт, од Ковид-19 животот го загубија 165, а се регистрирани 21.967 случаи на зараза.

Во Јемен, бројот на смртните случаи изнесува 44, а на случаите на зараза 233. Министерот за здравство Абдуррагип ел-Хајдери во објавеното соопштение на својот профил на Твитер под наслов „Сана ранета и помеѓу две катастрофи“ истакна дека главниот град Сана поради ширењето на Ковид-19 е катастрофална област и дека во градот бијат камбаните за опасност.

Бројот на смртните случаи во некои други источни земји, арапски земји и земји во Азија и Африка е вака: Кина 4.634, Индонезија 1.391, Пакистан 1.197, Јужна Африка 481, Саудиска Арабија 399,  Молдавија 265, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) 248, Кувајт 165, Ерменија 91, Казахстан 35, Катар 26, Сингапур 23, Киргистан 16, Узбекистан 13, Грузија 12. 

На континентот Африка, бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на вкупно 3.471 лице, а на регистрираните случаи на зараза на 115.346. Бројот на оздравените на континентот достигна до 46.426 лица.

Во Судан, бројот на смртните случаи се зголеми на 170, а на случаите на зараза на 3.976.

Во Еритреја и на Сејшелите не останаа активни случаи на зараза од Ковид-19, а во земји како што се Еритреја, Лесото, Намибија, Руанда, Сејшелите и Уганда досега не се потврдени смртни случаи.

Во Нигерија кадешто починаа 233 лица, бројот на случаите на зараза од Ковид-19 се зголеми на 8.068.

Во Мозамбик е регистрирсан првиот смртен случај од Ковид-19. Во градот Нампула од коронавирус почина едно 13 годишно дете и се истакнува дека ова претставува прв смртен случај во земјата.



Слични вести