При остро приземјување на воен хеликоптер во источниот дел на Русија загинаа 4 лица

Руското министерство за одбрана соопшти дека воен хеликоптер од типот „Ми-8“ за време на редовен лет за обука остварил остро приземјување во близина на аеродромот „Уголније Копи“ во областа Чукотка во источниот дел на Русија и притоа загинале 4 лица

1423626
При остро приземјување на воен хеликоптер во источниот дел на Русија загинаа 4 лица

Во хеликоптерска несреќа до која дојде при остро слетување на воен хеликоптер од типот „Ми-8“ во областа Чукотка во источниот дел на Русија загинаа 4 лица.

Во објавеното соопштение од руското министерство за одбрана се истакнува дека воен хеликоптер од типот „Ми-8“ за време на обука остварил остро приземјување во близина на аеродромот „Уголније Копи“ во областа Чукотка.

Регионален функционер изјави за руската новинска агенција „ТАСС“ дека во несреќата загинаа четири члениот екипаж на хеликоптерот и дека хеликоптерот по острото приземјување почнал да гори.

Се претпоставува дека причина за несреќата е технички дефект.

Минатата недела три лица загинаа и во една друга хеликоптерска несреќа којашто се случи исто така при остро приземјување на воен хеликоптер од истиот тип „Ми-8“ во близина на главниот град Москва.



Слични вести