Муса Факи Махамат: Насилството и сиромаштијата го попречуваат напредокот на Африка

Претседателот на Комисијата на Африканската унија Муса Факи Махамат истакна дека големите проблеми коишто се доживуваат на континентот создаваат неизвесности во однос на иднината и рече: „Насилството и сиромаштијата го попречуваат напредокот на Африка“

1423523
Муса Факи Махамат: Насилството и сиромаштијата го попречуваат напредокот на Африка

Претседателот на Комисијата на Африканската унија (АУ) Муса Факи Махамат објави писмено соопштение по повод Денот на Африка во кое истакна дека поради сиромаштијата, насилството и недостатоците во управувањата Африка не може да напредува.

Махамат рече: „На континентот се доживуваат напредувања во политиката, економијата и социјалната сфера, меѓутоа оваа состојба не може да ги задскрие застрашувачките недостатоци коишто постојат.“

Укажувајќи дека големите проблеми коишто се доживуваат на континентот создаваат неизвесности во однос на иднината, Махамат ја изнесе следната констатација: „Насилството и сиромаштијата го попречуваат напредокот на Африка.“

Махамат истакна дека во Африка владеат тероризам, кризи по изборите и племенски и верски судири, но додаде дека се уште постојат можности и надеж за решавање на сиве овие проблеми.

Инаку, датумот 25 мај којшто се совпаѓа со формирањето на Африканската унија (АУ) секоја година од 1963 година наваму се одблежува како Ден на Африка, а со цел потсетување на одлучноста на африканските народи за ослободување (спас) од странската надвласт и експлоатацијата  и колонизацијата на континентот.

 



Слични вести