Мисијата на Обединетите нации за поддршка на Либија  (УНСМИЛ) ги осуди милициските сили на Хафтар

„Остро ги осудуваме овие активности коишто не се во услуга на ниту една воена цел, стануваат причина за страв меѓу народот и кои ги прекршуваат правата на цивилите коишто се земени под заштита според меѓународното хуманитарно право“ - соопшти УНСМИЛ

1423693
Мисијата на Обединетите нации за поддршка на Либија  (УНСМИЛ) ги осуди милициските сили на Хафтар

Мисијата на Обединетите нации за поддршка на Либија  (УНСМИЛ) ги осуди милициските сили лојални на Халифа Хафтар, лидерот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на земјата Халифа Хафтар, кои при повлекување кон југ во местата од кои се повлекуваат поставуваат мини.

Во објавеното писмно соопштение од Мисијата се истакнува дека се чувствува голема загриженост од вестите околу тоа дека има загнати и ранети при експлозија на мини поставени во куќи во кои живеат цивили или блиски места во областите Ајн Зара и Салахадин јужно од главниот град Триполи.

„Остро ги осудуваме овие активности коишто не се во услуга на ниту една воена цел, стануваат причина за страв меѓу народот и кои ги прекршуваат правата на цивилите коишто се земени под заштита според меѓународното хуманитарно право“ - се вели во соопштението и се нагласува дека тоа што се поставуваат за цел куќите во кои се враќаат Либијците за поминување на Рамазан Бајрам покажува дека тоа претставува намерно дејствие.

Во соопштението се упатува повик до Либијците да се придржуваат кон инструкциите на безбедносните сили да стојат далеку од областите коишто не се прогласени за безбедни и да не се доближуваат до сомнителни предмети. 

Во меѓувреме, либиската армија со реализирана воздушна операција јужно од градот Сирте погоди две цистерни коишто превезуваа гориво за милициските сили лојални на Халифа Хафтар.

Платениците на руската воена фирма „Вагнер“ во редовите на Халифа Хафтар се повлекоа од фронтовите јужно од главниот град Триполи.

Соопштено е дека за евакуирање на платениците во изминатите 24 часа на аеродромот во градот Бени Велид во југоисточниот дел на Триполи слетаа 15 воени карго авиони.

Од друга страна, Претставничкото собрание со седиште во Тобрук лојално на Хафтар соопшти дека го отфрлува обидот на Хафтар за воен удар и дека ја поддржува иницијативата на претседателот на собранието Акиле Салих што ја води за постигнување политичко решение.

 



Слични вести