Во операциите против Боко Харам во Нигерија во последните 6 недели се убиени над илјада терористи

Началникот на Генералштабот на Нигерија Тукур Буратаи информира дека во реализираните операции од страна на армијата во последните 6 недели се неутрализирани 1.015 членови на терористичката организација Боко Харам, а стотици ранети терористи избегаа

1423360
Во операциите против Боко Харам во Нигерија во последните 6 недели се убиени над илјада терористи

Во реализирани операции против терористичката организација Боко Харам во последните 6 недели во североисточниот дел на Нигерија се убиени повеќе од илјада членови на организцаијата.

Началникот на Генералштабот на Нигерија Тукур Буратаи во дадената изјава за новинарите истакна дека армијата еден и пол месец како реализира операции против терористичката организација Боко Харам во провинциите Борно, Адамава и Јобе во басенот на езерото Чад во Нигерија.

Буратаи соопшти дека во реализираните операции од страна на армијата во последните 6 недели се неутрализирани 1.015 членови на терористичката организација Боко Харам, а стотици ранети терористи избегаа.

Велејќи дека за време на операциите се фатени 84 терористи, Буратаи истакна дека воедно се запленети и 150 возила, оружја и значајна количина муниција на терористите.

Буратаи рече дека во операциите загинаа и 11 нигериски војници.



Слични вести