Ванг Ји: „Покренувањето постапка против Кина поради Ковид-19 се коси со правото“

Кина, исто како и другите земји во светот е жртва на епидемијата

1423138
Ванг Ји: „Покренувањето постапка против Кина поради Ковид-19 се коси со правото“

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји рече дека „евентуалното покренување постапка против Кина поради Ковид-19 се коси со правото.“

Ванг Ји на конференцијата за печатот рече дека Кина, исто како и другите земји во светот е жртва на епидемијата.

Министерот Ванг потсети дека Кина им помага на сите земји коишто имаат потреба за помош, потенцирајќи дека покренувањето постапка против кина нема никакво место во правото.

Овој вид иницијатви претсатвуваат занемарување на меѓнародното право рече Ванг и додаде дека реториките за покренување постапка се неразумни, погрешни, неправедни и нелегални.

САД шири „политички вирус“ со цел да може во секоја прилика да го намали угледот на Кина во светот, рече Ванг и додаде дека американските политичари премногу лаги изнакажаа и сковаа премногу теории на заговор.

Сите оние коишто мислат да покренат постапка против Кина живеат во некој имагинарен свет. Сите оние коишто ќе се обидат да фрлат ваков чекор, во суштина самите ќе се омаловажат, рече ванг.

Инаку на почетокот на месецов, американскиот претседател Доналд Трамп и министерот за надворешни работи Мајк Помпео ги изнесоа тврдењата дека новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) наводно се појавил во некоја лабораторија во кинескиот град Вухан. Трамп на прес конференцијата што ја одржа на 27 април во Белата куќа рече дека постои можност САД од Кина да бараат обесштетување поради Ковид-19.



Слични вести