Од јужниот дел на Триполи со 7 воени карго авиони се евакуирани платеници на руски „Вагнер“

Портпаролот на либиската армија полковник Мухамед Кунуну соопшти дека за евакуирање на платениците на руската воена фирма „Вагнер“ кои се повлечени од јужниот дел на главниот град Триполи на аеродромот во градот Бени Велид слетаа 7 воени карго авиони

1423293
Од јужниот дел на Триполи со 7 воени карго авиони се евакуирани платеници на руски „Вагнер“

На аеродромот во градот Бени Велид слетаа 7 воени карго авиони за евакуирање на платениците на руската воена фирма „Вагнер груп“ кои се повлечени од јужниот дел на либискиот главен град Триполи и кои војуваат во редовите на пучистот Халифа Хафтар, лидерот на нелегитимните вооружени групи во источниот дел на Либија.

Портпаролот на либиската армија полковник Мухамед Кунуну во објавеното писмено соопштение преку официјалниот профил на социјалната медија информира дека на аеродромот во градот Бени Велид во југоисточниот дел на главниот град Триполи слетаа 7 воени карго авиони за евакуирање на платениците припадници на приватната руска воена фирма „Вагнер груп“ кои се борат во редовите на Хафтар, а кои бегаат од Триполи, како и нивно оружје, тешко оружје, арсенал и муниција.

Кунуну ја сподели информацијата дека се согледува оти до денеска 1500-1600 платеници кои војуваат во редовите на Халифа Хафтар од фронтовите јужно од главниот град Триполи се однесени на непознато место, а воедно рече дека и денеска еден воен карго авион од типот Антонов 32 слета на аеродромот во градот Бени Велид.

Либиската армија, во последно време фрли потпис на бројни воени успеси против милициските сили на Хафтар.

Дознаено е дека во цивилните населени места на фронтовите од кои се повлечени милициските сили на Хафтар јужно од главниот град Триполи се поставени голем број експлозивни направи.

Руската воена фирма „Вагнер груп“ чиј сопственик е Јевгениј Пригожин кој поради тоа што управува со кујната на претседателскиот дворец Кремљ е познат по прекарот „Готвач“, е позната со своите платеници и политички активности во Сирија, Украина, Либија и африканските земји.

Вагнер за чие име често се слушаше и за време на незаконската анексија на Крим од страна на Русија и поддршката на Москва на сепаратистичките групи во источниот дел на Украина, според извештаите на Обединетите нации (ОН) со своите приближно над илјада платеници војуваше во редовите на Хафтар на воените фронтови во околината на либискиот главен град Триполи.

 



Слични вести