Хамас: Сеопфатниот народен отпор е единствениот пат за поразување на Израел

Портпаролот на Хамас Хазим Касим истакна дека протерувањето на Израел пред 20 години од јужниот дел на Либан претставува отоврен показател за тоа дека „може да се порази ционистичкиот проект“

1423365
Хамас: Сеопфатниот народен отпор е единствениот пат за поразување на Израел

Хамас соопшти дека сеопфатниот народен отпор е единствениот пат за поразување на Израел и враќање на палестинските територии.

Портпаролот на Хамас Хазим Касим во објавеното писмено соопштение по повод одбележувањето на 20-годишнината од протерувањето на Израел од јужниот дел на Либан го рече следното: „Протерувањето на Израел од јужниот дел на Либан беше остварено со покажаната самопожртвуваност и отпорот на народот. Патот на слободата е постелен со крвта на шехидите (паднатите борци) и газиите (борците ветерани), како и со болките и маките на затворениците.“

Велејќи дека протерувањето на Израел пред 20 години од јужниот дел на Либан претставува отоврен показател за тоа дека „може да се порази ционистичкиот проект“, Касим привлече внимание на значењето за обединување на напорите на силите на отпорот.

Касим во продолжението на соопштението го истакна следното: „Повлекувањето на Израел пред 20 години од јужниот дел на Либан, во 1982 година од Синајскиот полуостров и во 2005 година од Газа, претставува показател за тоа дека враќањето на палестинските територии од окупаторите би можело да се оствари само со сеопфатен отпор поддржан од страна на народот. Отпорот е единствениот пат за поразување на Израел и враќање на териториите .“

Израелската армија на 25 мај 2000 година се повлече од Либан кој го окупира во 1978 година.

 



Слични вести