Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка

1422684
Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка
hindistan kovid.jpg
hindistan kovid.JPG
koronavirüs Hindistan.jpg
HINDISTAN SOKAGA CIKMA YASAGI (8).jpg
rusya koronavirüs.jpg
SÜPER FOTO KORONA RUSYA 1..jpg
SÜPER FOTO RUSYA 2.jpg
rusya korona.jpg
Rusya Koronavirüs.2.08.04.jpg
Koronavirüs Rusya.2.11.04.jpg
iran kovid.jpg
iran-virus.jpg
iran korona.jpg
iran-corona.jpg
endonezya kovid.JPG

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 344 илјади 500 лица, на случаите на зараза се зголеми на над 5 милиони 436 илјади, додека бројот на оздравените заболени пациенти изнесува над 2 милион 273 илјади 200 лица.

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Кина, изворната земја на коронавирусот, во последниот ден се утврдени 3 случаи на зараза, а нема смртни случаи. Досега во земјата од Ковид-19 починаа вкупно 4.634 лица, а бројот на заразените од вирусот изнесува 82.974.

Во Јужна Кореја во изминатите 24 часа се регистрирани 25 нови случаи на зараза со што вкупниот број на заразените се искачи на 11.190 лица, а досега починаа вкупно 266 лица.

Бројот на починатите во Иран се зголеми на 7.417 лица, а на случаите на зараза на 135.701. Портпаролот на Министерството за здравство Кијануш Џиханпур истакна дека во изминатите 24 часа нема потврден смртен случај од Ковид-19 во 13 провинции во земјата.

Во Русија бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 3.541 лице, на случаите на зараза на 344.481, а досега оздравеа над 109 илјади лица. Како што се истакнува, се регистрирани 29 позитивни случаи и во Центарот за обука на космонаути на Русија.

Во Централноафриканската Република е регистриран првиот смртен случај од новиот тип коронавирус (Ковид-19). Досега во земјата се регистрирани 552 нови случаи на зараза, а оздравеа 18 заболени од вирусот.

Во Бангладеш од епидемијата починаа 452 лица, а се утврдени вкупно 32.078 случаи на зараза.

Во Индонезија, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 1.351 лице, а на регистрираните случаи на зараза на 21.754, а досега оздравеа 5.249 лица.

Во Индија, во изминатите 24 часа од Ковид-19 животот го загубија 147 лица со што вкупниот број на смртните случаи се зголеми на 3.909. За еден ден се дијагностицирани и 6.767 новозаразени со што е регистриран највисокиот дневен раст во бројот на случаите на зараза и вкупниот број на заразените од Ковид-19 се зголеми на 133.725 лица.



Слични вести