Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД се зголеми на 98.250 лица, во Велика Британија на 36.675, Италија 32.735, Шпанија 28.678, Франција 28.332, Бразил 21.048, Германија 8.352, Данска 561

1422627
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот
koronavirüs ABD New York.jpg
abd koronavirus.jpg
Koronavirüs ABD New York Wall Street.jpg
abd kovid.JPG
koronavirüs ABD covid-19.jpg
abd kovid.jpg
new york süperhaber.jpg
new york mobil morg donduruculu kamyon korona 3
covid-19 new york
ingiltere yasaklar gevşeme.jpg
SÜPER FOTO KORONA İNGİLTERE.1.jpg
ingiltere.jpg
SüPER FOTO KORONA İSPANYA.3.jpg
SüPER FOTO KORONA İSPANYA.6.jpg
SÜPER FOTO KORONA İSPANYA.1.jpg
ispanya koronavirüs.jpg
ispanya karantina sonrası (7).jpg
ispanya karantina sonrası (8).jpg
SÜPER FOTO KORONA.İSPANYA.2.jpg
süPER FOTO KORONA FRANSA.2.jpg
fransa koronavirüs paris.jpg
fransa maske.jpg
koronavirüs Brezilya.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 344 илјади 500 лица, на случаите на зараза се зголеми на над 5 милиони 436 илјади, додека бројот на оздравените заболени пациенти изнесува над 2 милион 273 илјади 200 лица.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кои се и епицентар на глобалната епидемија во светот. Бројот на починатите од Ковид-19 со раст за уште 1.010 во изминатите 24 часа, се зголеми на над 98 илјади 706 лица, на случаите на зараза надмина 1 милион 666 илјади 800, а досега оздравеа и над 440 илјади лица. Во Њујорк кој е најмногу погоден бројот на починатите во изминатите 24 часа за прв пат од крајот на месец март досега опадна под 100 лица. Во Њујорк има над 30 илјади смртни случаи, а бројот на регистрираните случаи на зараза изнесува над 367 илјади.

Американскиот претседател Доналд Трамп во деновите кога се олабавени ограничувањата од Ковид-19 за прв пат по изминато долго време отиде на своето игралиште за голф во Вирџинија. Оваа посета од страна на опозициските медиуми беше прокоментирана како знак за поддршка на процесот за враќање на земјата во нормала, додека од страна на главните либерални медиуми и Демократите наиде на реакција.

Во Велика Британија, епицентарот на глобалната епидемијата во Европа, со потврдени уште 282 смртни случаи во изминатите 24 часа со што бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 36.675 лица, а на регистрираните случаи на зараза со раст за уште 2.959 лица се искачи на вкупно 257.154. 

Во Италија, бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со раст од 119 лица во еден ден, се зголеми на  вкупно 32.735, додека бројот на активни случаи на зараза се намали за 1.570 лица и опадна на 57.752.Вкупниот број на регистрирани случаи на зараза во Италија изнесува 229.327 лица, а досега оздравеа 138.840 заболени од вирусот.

Во Шпанија, бројот на смртните случаи со раст за уште 48 лица во изминатите 24 часа, се зголеми на вкупно 28.678, на регистрираните случаи на зараза со раст за 361 лице се искачи на 282.370, а досега оздравеа 196.958 лица. Шпанскиот премиер Педро Санчез на одржаната прес конференција истакна дека откако ќе заврши епидемијата ќе се истражува зошто Ковид-19 ги погоди најмногу старите лица во домовите во земјата. Санчез воедно истакна дека од јули ќе бидат отворени границите на земјата и ќе почнат да се примаат странски туристи.  Во Шпанија исто така од 8 јуни ќе продолжат и фудбалските натпревари во Ла Лига кои поради епидемијата беа прекинати на 14 март. Натпреварите ќе се играат пред празни трибини. Од друга страна, во Шпанија е донесена одлука и за најдолга жалост во демократската историја на земјата и е соопштено дека во чест на починатите од Ковид-19 ќе се прогласи 10 дневна национална жалост.

Во Франција, бројот на починатите од Ковид-19 со раст за 43 лица во изминатите 24 часа, се зголеми на вкупно 28.332, а на регистрираните случаи на зараза со раст за 240 лица, се искачи на вкупно 219.322. 45 дена како продолжува да опаѓа бројот на пациентите кои се наоѓаат на интензивна нега, додека досега во земјата оздравеа вкупно 64.547 заболени од вирусот. Во Франција е дозволено повторно да бидат отворени верските објекти за колективен обред, додека е одбиен поднесениот приговор до судот за поништување на одлуката за завршување на фудбалските лиги во земјата.

Во Германија од Ковид-19 починаа вкупно 8.352 лица, додека се регистрирани повеќе од 40 лица заразени со вирусот кои учествувале на миса во една црква во градот Франкфурт. Не е познато колку точно лица учествувале на одржаната миса на 10 мај.

Во Холандија, бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со раст за уште 11 лица во изминатите 24 часа се зголеми на вкупно 5.822 лица, а на случаите на зараза со раст за 172 лица се искачи на 45.236.

Во Данска кадешто првиот смртен случај од Ковид-19 е регистриран на 11 март, во изминатите 24 часа нема нов потврден смртен случај. Во земјата досега починаа 561 лице, а бројот на регистрираните случаи на зараза изнесува 11.289.

Во латиноамериканската држава Бразил бројот на смртните случаи во изминатите 24 часа се зголеми за 1.715 лица и достигна до 22.165, а на случаите на зараза се искачи на над 331 илјада.

Во Канада од Ковид досега починаа 6.355 лица, а бројот на случаите на зараза се искачи на 83.621.



Слични вести