Милициските сили на Хафтар, утрото на Рамазан Бајрам го бомбардираа главниот град Триполи

Од одделот за печат на операцијата Вулкан на гневот која се спроведува од страна на либиската армија е соопштено дека милициските сили лојални на Хафтар во раните утрински часови го погодија со ракети аеродромот „Митига“ во главниот град Триполи

1422896
Милициските сили на Хафтар, утрото на Рамазан Бајрам го бомбардираа главниот град Триполи

Милициските сили лојални на лидерот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија пучистот Халифа Хафтар, денеска наутро на Рамазан Бајрам го бомбардираа аеродромот „Митига“ во главниот град Триполи.

Според објавеното писмено соопштение од одделот за печат на операцијата Вулкан на гневот која се спроведува од страна на либиската армија, милициските сили лојални на Хафтар во раните утрински часови го погодија со ракети аеродромот „Митига“ во главниот град.

Во соопштението се истакнува дека овие напади ставаат до знаење дека милициските сили на Хафтар немаат почит кон месецот Рамазан, Рамазан Бајрам, традициите и невалидните повици за прекин на огнот.

Не се споделени било какви информации во врска со човечките загуби или причинетата штета.

Експлозивните направи пак, поставени од страна на милициските сили лојални на Хафтар во областите населени со цивилно население јужно од главниот град Триполи беа причина за смртта на двајца цивили кои се враќале во своите домови.

Портпаролот на либиската армија полковник Мухамед Кунуну истакна дека продолжуваат активностите на техничкиот персонал на армијата за исчистување на големиот број мини и рачни експлозивни направи поставени од страна на милициските сили на Хафтар по нивното повлекување и го предупреди народот да не се враќа во своите домови без да пристигне втора наредба за тоа од страна на либиската армија.

Либиската армија во последно време фрла потпис на голем број воени успеси против милициските сили лојални на Хафтар.

Либиската влада која на 18 мај ги протера милициските сили на Хафтар од стратешката воена база „Ватије“ во западниот дел на земјата, продолжува да ги исчистува милициските сили и од другите области во западниот дел на земјата.

Во меѓувреме, неоружано беспилотно летало во сопственост на Обединетите Арапски Емирати кои ги поддржуваат милициските сили лојални на лидерот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија пучистот Халифа Хафтар ги бомбардира цивилните населени места во градот Гирјан јужно од главниот град Триполи.

Според објавеното писмено соопштение од одделот за печат на операцијата Вулкан на гневот којашто се спроведува од страна на либиската армија, наоружано беспилотно летало во сопственост на Обединетите Арапски Емирати кои ги поддржуваат милициските сили на Хафтар погодија цивилно населено место во близина на градот Гирјан на приближно 100 километри јужно од главниот град Триполи.

Во соопштението се истакнува дека милициските сили на Хафтар на ист начин ја гранатираа со ракети и околината на аеродромот Митига во главниот град Триполи и се напоменува дека овие напади ставаат до знаење дека милициските сили на Хафтар немаат почит кон месецот Рамазан, Рамазан Бајрам, традициите и невалидните повици за прекин на огнот.

Во истото соопштение не беа споделени било какви информации во врска со човечките загуби или причинетата материјална штета.



Слични вести