Лековите клорокин и хидроксиклорокин кои ги препорача Трамп ја зголемуваат стапката на смртност

Според написот објавен во „Лансет“, лековите клорокин и хидроксиклорокин спротивно на тврдењето на Трамп, немат никакво влијание и ефект врз Ковид-19

1423008
Лековите клорокин и хидроксиклорокин кои ги препорача Трамп ја зголемуваат стапката на смртност

Лековите клорокин и хидроксиклорокин кои ги препорача американскиот претседател Доналд Трамп дека наводно се ефикасни против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) беше утврдено дека во суштина не делуваат добро врз пациентите, напротив ја зголемуваат стапката на смртност.

Според резултатите од истражувањето на британското медицинско списание „Лансет“, лековите кои неодамна од страна на претседателот Трамп беа преорачани и го изнесе тврдењето дека самиот лично ги користел за зашита од Ковид-19, во суштина ја зголемуваат стапката на смртност.

Според написот објавен во „Лансет“, лековите клорокин и хидроксиклорокин спротивно на тврдењето на Трамп, немат никакво влијание и ефект врз Ковид-19, напротив наведените лекои само ја зголемуваат стапката на смртност.

Со употребата на овие лекови во лекувањето на пациентите од Ковид-19, стапката на смртност од 16 се зголеми на 18 отсто. Додека стапката на смртност кај пациентите кои не ги употребија овие лекови остана на 9 отсто.



Слични вести