Либиската армија го зазеде стратешкиот воен камп Хамза јужно од главниот град Триполи

Портпаролот на либиската армија полковник Мухамед Кунуну истакна дека армиските единици ги истераа од стратешкиот воен камм Хамза јужно од главниот град Триполи, милициските сили лојални на Халифа Хафтар, лидерот на нелегитимните вооружени сили

1422496
Либиската армија го зазеде стратешкиот воен камп Хамза јужно од главниот град Триполи

Либиската армија ја воспостави контролата во стратешкиот воен камп Хамза и продолжува да напредува пред милициските сили лојални на Халифа Хафтар, јужно од главниот град Триполи.

Портпаролот на либиската армија полковник Мухамед Кунуну истакна дека армиските единици ги истераа од стратешкиот воен камп Хамза јужно од Триполи, милициските сили лојални на Халифа Хафтар, лидерот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на земјата.

Велејќи дека либиската армија продолжува да напредува пред милициските сили на Хафтар, Кунуну ја сподели и информацијата дека техничкиот персонал во состав на армијата се обидува да ги исчисти мините поставени од страна на милициските сили на Хафтар при повлекување.



Слични вести